Спојот на наследството на Хајнекен и музичката преродба на Терапија, овој викенд го трансформираа градски парк

Во Сабота, по повод одбележувањето на 150 годишнината од познатиот пивски бренд Хајнекен, , Градскиот Парк беше домаќин на 150 диџеи, настан кој го претвори паркот во симфонија на иновативно осветлување, одлична музика и целодневна дружба. Резултатот? Незаборавно музичко искуство кое остави долготрајни убави спомени кај над 20.000 присутни.

Круна на вечерта беше сцената на Терапија, која под влијание на креативната визија на Слободанка Тренчева прикажа хипнотизирачки аудио и визуелни ефекти. Оваа соработка помеѓу Терапија и Хајнекен ја покажа моќната синергија на наследството на брендот и локалната културна обнова. Оваа сцена им понуди на присутните извонредно музичко уживање, каде перформираа преку 30 диџеи.

“Важноста на клупската музика можеби најмалку е во економска смисла. Таа поврзува и гради мостови кои политиката немилосрдно ги руши.” – изјави Тренчевска. “Клупската култура е и субкултура на најразлични ентитети, а секоја умна држава инвестира ресурси од секаков тип во алтернативната култура или субкултура. Нам како општество ни треба заедништво и солидарност, затоа што само така можеме да ги надминеме предизвиците со кои моментално се соочуваме. Уметноста и културата имаат голема моќ да го пренесат ова, да го доживеат ова чувство на заедништвото, да ги зближат луѓето и да се обединат за момент“ – додаде Тренчева.

Настанот беше 13-часовен музички спектакл, со неверојатни визуелни проекции, предизвикувајќи бран од емоции кај присутните. Од автентично дизајнирани диџејски бини до извонредни штандови и најсовремени визуелни искуства, секој детаљ беше прецизно куриран. Како што се ближеше крајот на вечерта, Градскиот парк во Скопје сведочеше за една од најголемите диџејски постави што некогаш била видена во земјата. Среќен 150-ти роденден, Хајнекен!

You might also like