Fashion Group: новиот тренд е удобно, лежерно и топло

Јакни, кошули, дуксери, тренерки, панталони и широки фустани се само едни од најпопуларните парчиња за оваа зима, а сите тие неодоливо асоцираат на удобност, топлина и вистинско уживање, особено за оние кои работат од дома.

Во согласност со глобалната ситуација предизвикана од пандемијата, се чини, годинава што минува им се вративме на сите оние супер удобни парчиња што секогаш ги заобиколувавме во плакарот.

Уживаме и го следиме овој тренд и за време на празниците, насочувајќи се кон онлајн нарачките на секогаш уникатните производи од познатите брендови на Fashion Group, овие празници во специјални празнични кутии.

За прошетките во природа во кои ќе уживаме во слободните денови за време на празниците, одберете предимензиониран капут во кој ќе се чувствувате удобно и топло, а доколку сакате дополнително да ја истакнете половината, надополнете со шик ремен.

Бидете вистинска шик девојка за новогодишната ноќ и без разлика што остануваме дома, одберете светкав фустан од новите колекции на брендовите на Fashion Group или фармерки со висок струк за сечија градба, истакнати со џемперче во интензивна боја.

За свечен изглед, панталоните или фармерките комбинирајте ги со кошула или блуза со предимензионирани паф-ракави, а иако балон-кројот е карактеристичен за летните парчиња, голем број модни куќи покажаа дека одлично одговара и за зимската гардероба.

Одберете го вашето омилено стилско парче од некој од брендовите на Fashion Group и нарачајте за себе или за подарок на омилената личност и бидете сигурни дека ќе го добиете во магична, празнична кутија! Сите брендови на едно место – www.fashiongroup.com.mk.

You might also like