Почувствувајте го духот на Венеција од сега и во Скопје.

За ресторанот

Во главниот град од денес започна со работа новоотворениот ресторан “ Venice Fontana”. Сместен на само 1,5 км од ценатарот на Скопје, во старата населба Кисела Вода на познатото место, викано “Стара Рампа”.

Уникатно дизајниран, уреден во модерен стил и доза на традиција, ресторанот нуди атмосфера за сите оние гости што сакаат да се чувствуваат пријатно и опуштено во кој било период од денот. Карактеристичниот барок, препознатлив за Венеција, преточен со футуристични дизајни, совршено го исполнува енетриерот на ресторанот.

 

Идејата за отварање на ресторанот.

Моето семејство со генерации наназад се занимава со оваа професија. Традицијата започнува уште од далечната 1957година. Луѓето во градот, а и пошироко не знаат и го препознаваат нашиот квалитет.

На овој чекор, за отворање на нов концепт на работење на нашиот локал се одлучивме бидејќи сакаме да сме на чекор со врмето и она што го бара пошироката маса на луѓе. Трендовите треба да се пратат, такво време дојде. Квалитетот на храната и услугата секогаш ќе биде на завидно ниво и во прв план. Секој гостин треба да биде подеднакво третиран и добредојден кај нас. Кога девете страни се задоволни, неминовен е успехот, а тоа сите го сакаме.

 

 

Каква храна ќе нудите во вашиот нов ресторан?

Акцент ставаме на специјалитетите подготвени на скара. Особено на јадења подготвени од чисто јунешко месо (кебапи,плескавици).

Не помалку значајни ни се и традиционалните македонски готвени јадења, како гравче тавче, мусака, чорба и сл. Во понудата ќе има и повеќе видови предјадења, свежи салати, прилози, додатоци.

За повеќе информации на следниот линк:

https://tryspicy.com/new-timeline/restaurant/Venice%20Fontana?fbclid=IwAR3tJTWNS1JB6o-gtgOME8dWv7Xlvid6ycDD3ipUMNgW45SrOaQvblBsFoU

You might also like