Видео промоција на Re-source проектот: Код за земјоделска пракса
https://vimeo.com/manage/videos/815218021
До зголемен приход преку поголемо и поквалитетно земјоделско производство. Добрите земјоделски практики претставуваат збир на стандарди за безбедно и одржливо производство на земјоделски култури и на одгледување добиток.
Со нивна примена истовремено се намалуваат трошоците а се зголемуваат приносите и квалитетот. Ваквите земјоделски производи се побарани и на домашниот и на странските пазари.
Добрите земјоделски практики ја зголемуваат ефикасноста на целото производство, но истовремено придонесуваат за ублажување на климатските промени и за заштита на животната средина.
Преку добрата земјоделска пракса обезбедуваме економска исплатливост, здрава животна средина и безбедна и квалитетна храна за сите нас!
Фросина Ѓоргиевска е јаболкопроизводителка и кординаторка на Мрежата на жени фармери во Националната Федерација на Фармери. Таа објаснува дека откако започнала да ги применува овие стандарди, родот и поголем и поквалитетен.
„Го применуваме кодот особено земјоделците тука во Преспа сите го применуваат кодот за земјоделска пракса. Сите кога велам сите мислам на оние кои што имаат аплицирано на некои од повиците објавени на Министерството за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство од програмата за рурален развој, а такви се над 50 проценти тука во Преспа.
Го применуваме на начин што најпрво сите водиме евиденција за работа во фарма и сметководствена евиденција, евидентирање на продажба и евидентирање на потрошувачка, мислам финансискиот дел од евиденцијата на фарма.
Освен финансиска евиденција, земјоделците треба да водат сметка и да запишуваат кои средства за заштита ги употребуваат, кои вид на ѓубрива го користат.
Истото го применуваме и ние на нашата фарма меѓутоа имаме отидено малку подалеку со тоа што применуваме и некои друг дел од одредбите за добра земјоделска пракса како што е вода за миење на самиот насад како што е изградба на веце на самиот насад, посебно место за складирање на средствата за заштита и друго.“ изјави таа.
Ги применуваат ли земјоделците одредбите од правилникот за сообразност?
„Повеќето од земјоделците тука кај нас во Преспа ги применуваат тие одредби за вкрстена сообразност затоа што голем дел од нив имаат аплицирано на некои од мерките како што кажав од програмата за рурален развој, а доколку имаш аплицирано на некои од мерките мора да исполнуваш некои од условите за добра земјоделска пракса.“ додаде таа.
„Агенцијата за финансиски поддршка на земјоделството и руралниот развој веќе 10 години врши контроли за почитување на стандардите. Тоа се спроведува како дел од процесот на добивање државна помош.“ рече Никица Бачовски, директор на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Опфаќа минимум 1 процент од барателите, станува збор за некои 700 до 800 баратели на годишно ниво кој што не се опфатени само барателите од програмата за директни плаќања, туку и корисниците за мерката за млад земјоделец, програмата за рурален развој и корисниците на мерка 1 и парт програмата.
Од Агенцијата велат дека поголем дел од земјоделците ги почитуваат одредбите од правилникот, но голем проблем останува недоволната информираност.
Сепак, низ годините навака процентот на земјоделци како што е констатирано непочитување на овие одредби се повеќе се намалува, а со тоа се намалува и обврската на агенцијата за поддршка и развој на земјоделството за да извршат едукативни активности кај земјоделците.
Потребен е поголем фронт и поголема вклученост на сите институции пред се во едукативна смисла кај земјоделците за да знаат кои се одредби треба да ги почитуваат.
Кодот за добра земјоделска пракса на кои земјоделците треба особено да обратат внимание предвидува:
© Да се избегнува обработка на голи почви што е можно повеќе. Со тоа се спречува губењето на плодноста и се минимизира ризикот од ерозија. Во случај на интензивна употреба на ѓубриво, или при ограничена можност за плодоред, се препорачува меѓупосев за да се спречи или да се намали губењето на хранливите материи.
© Водата за наводнување мора да има добар квалитет за да се одржат плодноста и продуктивноста. Собирањето и правилното насочување на атмосферските води ја подобрува состојбата на фармата бидејќи се редицуира загадувањето на околината преку плакнење на ѓубрето.
© Складиштата за шталско ѓувбриво не смеат да протекуваат, а мора да се спречи и можноста за испарување на амонијакот, особено во близина на населени места.
© Животните да се хранат со балансирани оброци со цел да се намали ослободувањето амонијак.
Re-Source Проектот е имплементиран од Центарот за климатски промени и е поддржан од Интерег Балканска Медетерианска Програма на Европска Унија.