Новиот изглед на Жито Лукс, одраз на идните цели и развојни планови на компанијата
Со нови бои, ново лого и нов, модерен дизајн на сите пакувања, Жито Лукс го
претстави својот нов визуелен идентитет. Унапредувањето на постоечкиот
изглед на брендот e одлука на компанијата направена по низа испитувања на
мислењето на потрошувачите и нивната перцепција за брендот.
„Огромен е предизвикот да се направи промена, посебно кога се работи за
етаблиран бренд со долга традиција и голем успех на пазарот. Но,
времињата со себе носат потреба за промени на сите полиња. Покрај
низата инвестиции со кои Жито Лукс во последните неколку години работи
на подобрување и унапредување на производниот процес и на квалитетот на
производите, беше потребно тие промени да бидат поддржани и со
модернизација на сопствениот изглед со што би се зајакнала и перцепцијата
на купувачите, посебно на помладите генерации за брендот”, изјави
Генералниот директор на Жито Лукс , Димитрис Плакуцис.
Боите и формите на новото лого ги поврзуваат двата извори на живот, сонцето
и лебот, а неговата динамика го отсликува стремежот на компанијата за
постојано движење во насока на позитивни мали и големи промени што
дополнително ќе овозможат раст, развој и просперитет.
Енергијата што зрачи од новите пакувања има за цел дополнително да го
нагласи врвниот квалитет на производите на Жито Лукс како предуслов за
создавање задоволни и лојални потрошувачи.
„Во сите елементи што го отсликуваат нашиот нов визуелен идентитет
сакавме да ја нагласиме симболиката, но и да ја задржиме традицијата што
се гради веќе 78 години од многу генерации кои со својата работа и труд
успеаја од Жито Лукс да создадат лидер во мелничко-пекарската
индустрија”, велат од Жито Лукс.
Новиот изглед, како и идните развојни планови, компанијата ги претстави пред
новинари, креатори на јавното мислење, вработени и дел од потрошувачите.