„Чупа Чупсни ме“ наградната игра започнува во „Веро“ маркетите
Во најубавиот период од годината време е за „Чупа Чупсни ме“, наградната игра на брендот „Чупа Чупс“, кој секоја година ги наградува своите лојални купувачи со вредни награди. Од 15-ти април до 15-ти јуни 2024 година, купете „Чупа Чупс“ производи во „Веро“ маркетите и земете учество во наградната игра во која имате можност да освоите мобилен телефон „Ајфон 14ка“, електричен тротинет „Шаоми“ и паметен часовник „Епл С7“.
Овогодинешната кампања „Чупа Чусни ме“ е предводена од двајцата тинејџери Мила Игнатоска и Кристијан Георгиев кои изразувајќи го својот позитивен дух и убавината на младоста, на забавен начин ги презентираа извонредните „Чупа Чупс“ производи.
„Израснавме со производите на „Чупа Чупс“, искрено кој човек не сака такво слатко задоволство. Уживавме, се забавувавме и ја подготвивме најубавата кампања за овие прекрасни производи. Ги повикуваме сите да земат учество во наградната игра „Чупа Чусни ме“ и да станат потенцијални добитници на кул наградите кои ќе ги добијат најсреќните“, порачаа Мила и Кико.
Правилата за наградната игра се едноставни и во неа може да се вклучи секое полнолетно лице кое ќе купи „Чупа Чупс“ од маркетите на „Веро“ во Скопје, Тетово, Куманово и Битола.
„Сите кои сакаат да се вклучат во наградната игра треба да купат производи од брендот „Чупа Чупс“ во вредност од најмалку 199 денари во „Веро“ маркетите во Скопје: Аеродром, Тафталиџе, Карпош, Центар, ГТЦ, Дајмонд Мол, Чаир, Центар, Кисела Вода, во Тетово, во Куманово и во Битола 1 и 2. Потоа да го пополнат купонот со податоци и да станат потенцијални добитници на мобилен телефон „Ајфон“ 14ка, електричен тротинет „Шаоми“ и паметен часовник „Епл“ С7.
Сите правила за наградната игра прочитајте ги на следниот линк www.puzzleconnection.eu/chupachups.pdf, посочија од Агенцијата што ја организира наградната игра за брендот „Чупа Чупс“.