Д-р Арсова: Мијте ја косата, корона вирусот се пренесува и преку неа
„Ковид-19, може да се пренесе на косата, со допир или по пат на капки во воздухот“ вели трихологот, д-р Елена Арсова. Таа потенцира дека треба да бидете внимателни, на пример, додека чекате во редот во маркет да не ја допирате косата, но исто така да внимавате, да бидете на дистанца од другите на 2 метри.
Освен што треба да ги миете рацете, треба да ја миете и вашата коса, доколку сте биле излезени надвор од својот дом. Со самиот факт дека скоро секоја жена несвесно констатно ја допира својата коса, со тоа и ги зголемува можностите за пренос на вирусот.
– Корона вирусот ни е познат само неколку месеци, така што немаме доволно информации за неговиот капацитет на преживување. За сега е познато дека може да остане активен во воздухот неколку саати, а на различни површини до неколку дена. Иако уште нема точни информации околу тоа колку долго може да опстане на косата, но факт е дека може да преживее на влакното, пократко отколку на мазни површини. Сепак, вирусот може да се пренесе од коса на лице, нос или очи на два начини: кога прамените коса ни паѓаат директно на лицето или кога со прстите ја допираме косата, а потоа лицето, носот или очите, објаснува д-р Елена Арсова трихолог и сопственик на Hair Clinic Beograd и потенцира дека вирусот најчесто се пренесува преку прсти, бидејќи во текот на денот со прстите допираме најмногу површини, несвесно, а потоа своето лице.
Миењето на рацете со сапун е најдобар начин да го деактивирате коронавирусот, дури поефикасен од употреба на средства за дезинфекција. На ист начин, со миењето на косата со адекватен шампон можете да го уништите Ковид-19 на влакното.
– Важно е кога ќе бирате шампон за вашата коса, треба да го изберете оној кој содржи SLS (Sodium Laureth Sulphate), кој е одличен сирфактант. Сурфактанти се молекули кои имаат амфифилни својства, односно врзуваат и масти и вода. На пример, ако во еден сад ставиме масло и вода, тие нема да се помешаат. Но, ако додадеме детергент, сапун или шампон, ќе дојде до дисперзија на маслото, затоа што амфифлите фактички го разградуваат маслото на мали честици, додава д-р Арсова.
Таа препорачува да останете дома, се што ви е потребно да го набавите он-лајн и така сите заедно да го победиме Ковид-19.