Продолжен првиот круг на гласање за MAC: Искористете уште 10 гласа и номинирајте ја својата Јутјуб ѕвезда
Се ближи финишот на првиот круг гласање за Bioxgn MAC, а интересот на гласачите ги надмина сите очекувања: повеќе од милион онлајн гласови досега пристигнале преку страницата musicawardsceremony.com. Гласачи од сите земји во светот ги дадоа гласовите за своите фаворити, распоредени во 17 категории.
Заради огромниот интерес првиот круг гласање ќе биде продолжен до 15 јануари, а сите кои досега гласаа добиваат можност за уште 10 онлајн гласови по категорија, најавуваат организаторите. Моментално во конкуренција се повеќе од 600 нумери, а најдобро рангираните според гласовите на публиката влегуваат во втората фаза гласање.
Втората фаза гласање за Bioxgn MAC носи и еден новитет – нова категорија! Следбениците на MAC Инстаграм-профилот www.instagram.com/p/
Категоријата Јутјуб ѕвезда се воведува како поддршка на младите изведувачи кои не се постари од 21 година, а Инстаграм следбениците кои ги номинираат имаат можност да освојат ексклузивни ВИП влезници за церемонијата на 27 јануари во белградската Штарк арена.
Главниот партнер на MAC манифестацијата е Bioxgn козметика, а настанот се одржува во организација на Скајмјузик и ЦЕБЕФ.