Анкета за состојбата на бездомните кучиња во Скопје

Опстојувањето на популација на бездомни кучиња во град Скопје претставува вистински проблем за жителите, сопствениците на миленици, како и за туристите. Затоа студентите при Факултет за ветеринарна медицина – Скопје, Центарот за благосостојба на животните под менторство на проф. д-р Влатко Илиески, проф. д-р Пламен Тројачанец и проф. д-р Владимир Петков спроведуваат истражување и анкета наменета за жителите на град Скопје се со цел да се добијат основни информации за проблематиката на популацијата со бездомни кучиња.

Целта на истражувањето е да се добијат податоци за ставот и навиките на граѓаните, на кои начини влијаат уличните кучиња врз секојдневниот живот, изворот на храна и вид на однесување кое се јавува кај оваа популација. Резултатите од истражувањето ќе придонесат кон утврдување на идните насоки во развој, подобрување и менаџмент на популацијата на бездомни кучиња.

Со пополнување на оваа анкета, се гарантира правото на анонимност. Одговорите ќе се анализираат и презентираат исклучиво на група и ќе послужат исклучиво за научно-истражувачки цели.

Анкетата е и дел од активностите кои ги спроведува Центарот за благосостојба на животните со цел проценка и следење на вкупниот број на бездомни кучиња на јавните површини во град Скопје.

You might also like