Белата куќа во Битола е вистинското место за уживање на сите сетила

Белата куќа во Битола е модерно бистро и бутик хотел кој му дава нео елеганција со архитектура и ентериерно уредување на старото јадро од овој град. Токму тоа е бутик хотел со реални амбиции за голем успех кој рејтинзите на букинг апликациите го сместуваат на врвот во регионот.

Природните материјали и доминацијата на природна светлина, модерниот пристап кон класичниот дизајн го претвора во идилична архитектура. Златните и сребрени тонови за да се чувствувате посебно, топли за да ви биде како дома. А црно белите површини за да дадат смирувачка сведеност на овој единствен бутик хотел во градот под Пелистер. И откако ќе се одморите, запознавате нов свет во бистро барот кој негува само фини ароми.

Во него модерен ентериер, динамично распореден околу големиот централен шанк, со отворена галерија на две нивоа со желба за видливост-во близина на влезот или ушушкана и интимна во внатрешниот дел.

Белата куќа, својот концепт на гастро фузија помеѓу ресторан и бистро, го прави ненаметливо.

Затоа нивните порции се ставаат на средина, а низ мали чинии се делат како можност да се испробаат различни специјалитети, наместо да се проба само едно нешто.

Во тоа е уживањето во овој вибрантен бистро бар, кој е омилено место на битолската гастро сцена.

You might also like