Битолски јогурт со десет витамини за добар почеток на денот
Вистински енергетски почеток на денот е кога телото ќе го снабдите со најнеопходните витамини, минерали и протеини. Со избраната доза витамини и хранливи состојки на телото му се овозможува беспрекорно функционирање, отпорност на замор, настинки и вируси, а редовното консумирање дава здравствени придобивки на подолг период.
Македонските семејства ја знаат важноста на појадокот и внимаваат да имаат здрав и хранлив утрински оброк. Исто така, имаме традиција на пиење јогурт и јогуртот за сите нас е задолжителен со скоро секој утрински оброк. Токму заради оваа традиција, деновиве Битолска млекара посети неколку семејства овозможувајќи им дневното мени да го збогатат со новиот Битолски јогурт со десет витамини. Ова беше посебно добро прифатено заради малите деца во секое од семејствата и составот на јогуртот што е нагласено корисен за нивниот млад организам во развој.
Со подарокот на новиот Битолски јогурт со десет витамини на мајките од овие семејства им беше претставено зошто овој производ е вистинскиот избор за нивното семејство. Пред се широкиот опсег витамини, дури десет, и тоа витамини коишто се најпотребни за правилниот раст и развој на децата. Десетте витамини со кои е збогатен Битолскиот јогурт ги предводи витаминот А, познат по влијанието за подобар вид, но исто така и за добрата состојба на коските, кожата, косата, забите, непцата.
Се повеќе од денешните мајки практикуваат здрава и витаминска исхрана и истата ја воведуваат за целото семејство, па така и подарокот Битолски јогурт со десет витамини беше навистина пријатно и полезно изненадување за сите.
Така за младата мајка Сања Ристиќ, која што е приврзаник на здравите животни навики и истите ги пренесува и на своето семејство, исклучително е важна функцијата на јогуртот во организмот. Сега во Битолскиот јогурт е присутен и витаминот Е, познат како моќен антиоксиданс, и витаминот Д3 посебно потребен за зацврстување на коските кај децата, калцификација и потребен за подобро сврзување на калциумот во организмот.
Децата додека растат имаат потреба од дополнително внесување витамини и минерали, а родителите се информирани за нивната функција и наоѓаат најразлични начини за задоволување на оваа потреба. Исто така, ги знаат предностите на јогуртот врз здравјето на децата и внимаваат при правење на вистинскиот избор. Така, посебна радост е кога со една чаша вкусен јогурт се добиваат и плус состојки, со големи придобивки посебно за детското здравје.
Дел од составот на новиот Битолски јогурт се и витамините од групата Б што учествуваат во многу ензимски реакции и се добри за нервниот систем, за енергија, за здрава кожа. Искрено, за постоењето ваков тип јогурт, се израдува и Анастазија Стојковска, па така Битолски јогурт со десет витамини сега со задоволство ќе биде дел од дневното мени за целото семејство, а посебно за двете мали деца.
Овие семејства навидум различни, како и многу други ги спојува грижата и вниманието што го посветуваат на правилната исхрана и здравиот развој на нивните деца. Нивното внимание сега е дополнето со постоењето на Битолски јогурт со десет витамини, единствен со ваков состав во домашните маркети. А затоа што по составот е погоден за секој член и за целото семејство, новиот Битолски јогурт е достапен во пакувања од 250 грама и од 1 килограм, и може да се најде во сите подобро снабдени маркети.