Брендот Shell отсега достапен во државата
Корал Фуелс ДООЕЛ Скопје, како подружница на Coral S.A., започна со работа со првите 2
бензински станици под брендот Shell во Северна Македонија. Компанијата е официјален
сопственик на лиценцата за брендовите Shell во Северна Македонија.
Матичната компанија Coral S.A. (поранешна Shell Hellas SA) работи во Грција од 1926 година. Со
околу 750 бензински станици кои работат под брендот Shell, компанијата има удел на пазарот
што надминува 23% и е лидер на пазарот во Грција. Coral S.A. ја поседува лиценцата Shell за
пазарите Кипар, Србија и Хрватска. Компанијата има за цел да расте како регионален играч на
Балканот, обезбедувајќи горива и услуги со врвен квалитет под брендот Shell.
Корал Фуелс влегува на пазарот во Северна Македонија преку обезбедување долгорочни
договори за лиценца на брендот Shell. Договорот вклучува поддршка и трансфер на “know-
how” поврзани со горивата, примена на нови технологии, воспоставување услуги и маркетинг
со високи стандарди. Во пракса, целото истражување и развој на горивата што се одвиваат на
глобално ниво, ќе бидат пренесени преку бензинските станици за да бидат од корист за
потрошувачите во земјава.
Корал Фуелс има намера во следниот период да инвестира со планиран раст низ целата земја
со отворање нови централно лоцирани бензински станици, преку кои ќе им обезбеди
квалитетна услуга на своите клиенти. Корал Фуелс веќе работи со 2 бензински станици под
брендот Shell кај Смоквица, на автопатот Пријателство близу границата со Република Грција.
Каи-Уве Витерштајн, генерален директор на пазарите со лиценца, “Shell Mobility”, изјави: "Јас
сум пресреќен и горд што заедно со Coral ги носиме Shell брендираните бензински станици во
Северна Македонија. Досега со Coral остваривме многу успеси на регионалните пазари и
задоволни сме што продолжуваме да растеме со нив преку договорот за бренд лиценцирање
за Северна Македонија. Овој долгорочен договор со Coral ќе му обезбеди на локалниот пазар
висококвалитетни горива и масла на Shell, одлична услуга за клиентите и низа производи за
секојдневна употреба, како и дополнителни услуги дизајнирани да ги задоволат потребите на
сите возачи и други клиенти. Се надевам дека клиентите ќе уживаат во искуството при посетата
на услужните бензински станици од брендот на Shell“.
„Задоволни сме што можеме да им
понудиме на потрошувачите во Северна Македонија врвни Shell горива, како и пренесување на глобалното знаење за развојот на производите и услугите. Постојаната новина искомбинирана со големата групација компании кои стојат зад оваа инвестиција, создаваат единствено партнерство во нашиот натамошен раст“.
Достапни во целата наша малопродажна мрежа од бензински станици се водечкиот диференциран бензин Shell Fuelsave Unleaded 95, безоловен бензин 98-октански V-Power и Shell Fuelsave Diesel. Посебно дизајнираните продавници за секојдневна употреба и други специјални потрошувачки услуги, исто така ќе бидат наскоро достапни на пазарот.Џорџ Хацопулос, генерален директор на Coral SA
„Нашите бензински станици се дизајнирани според највисоките стандарди за да обезбедат целосни решенија за возачите преку воведување новини, почитување на потрошувачите и активности за општествена одговорност“. Ерик Мано, Менаџер во Корал С. Македонија