Бугарски пратеник донира заштитна медицинска облека од над 60.000 евра во земјава
Бугарскиот пратеник Делјан Пеевски донираше заштитни облека, очила и медицински материјали, во висина од над 60.000 евра за да им помогне на лекарите во Северна Македонија. Добротворната организација на пратеникот, кој е најголем донатор во борбата против Ковид-19 во Бугарија, со братски гест излезе надвор од границите на земјата.
Пред само неколку недели, Пеевски, кој е член на Движење за права и слободи (ДПС) во бугарското национално собрание, и претходно донираше заштитна облека и материјали за медицинските лица во Северна Македонија.
Владимир Крастевски преку бугарските медиуми рече дека гестот, како и донациите добиени од бугарските донатори, покажува дека постои солидарност меѓу двете држави.