Дали конечно ќе се стави ред кај пазарџиите од Зелен Пазар?

На состанокот присуствуваа претставници од трговците кои на градоначалникот и директорот им ги соопштија проблемите со кои се соочуваат со нелегалните продавачи на стока и роба на паркингот со кој стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар, како и со новите измени во поскапување на цените за паркирање на територијата на Општина Центар.

Преку аргументирани забелешки, двете страни постигнаа договор за надминување на разликите, кои изминатиов период манифестираа со неколкудневен штрајк од страна на пазарџиите на „Зелен Пазар.“

„Приоритет ни се граѓаните кои живеат тука. Подготвени сме да најдеме решение и не сакаме никого да оштетиме, туку напротив, сакаме да воведеме ред. Доставете ги писмено Вашите барања во архивата на општината, како би можел да ги разгледам и да ги предложам на следната седница на Совет на Општина Центар.“ – изјави градоначалникот.

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ  изјави дека ќе ги предложи барањата на пазарџиите на наредната седница на Советот на Општина Центар, каде за нивните барања ќе одлучуваат советниците на Општина Центар.

You might also like