Голема хуманитарна акција на асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа – АПИС

Како општествено одговорни компании, Групацијата НОВОМАТИК во Македонија (Адмирал, Астра и Казино Фламинго Хотел) и АПЕКС Македонија целосно свесни за тешкотиите со кои се соочуваат јавните здравствени институции, длабоко почитувајќи ги натчовечките напори на докторите и медицинскиот персонал во беспоштедната борба со вирусот „Ковид 19“, и покрај тешките моменти за нашите компании, денес објавуваме дека започнуваме голема акција за донирање на болнички кревети и средства за дезинфекција во повеќе здравствени капацитети во Република Северна Македонија.

Силно веруваме дека во овие моменти на сите ни е потребна солидарност, заедништво и истрајност за да поефикасно се справуваме со сите предизвици. Упатуваме благодарност до Министерството за здравство, менаџментот на здравствените институции, градоначалниците и општините, кои ни помагаат во спроведувањето на хуманитарната акција. Се надеваме дека со овој наш потег ќе дадеме придонес во зајакнување на капацитетите на јавното здравство. Сите сме потенцијални пациенти, а оваа пандемија не потсети колку е важен јавниот здравствен систем за заштитата на нашето здравје.

Како менаџери на одговорни компании, сметаме дека е наша обврска да покажеме висока општествена свест во овој период кога државата и институциите кои се справуваат со огромни предизвици за здравјето и економијата. И покрај сите предизвици, уште на почетокот на кризата одлучивме да и помогнеме на Владата на Република Северна Македонија, со тоа што на нашите вработени им ги зачувавме работните места и покрај тоа што веќе два месеца нашата дејност не работи и не остварува приход. Исто така, Казино Фламинго Хотел, на наша иницијатива во месец март и беше отстапен на Владата и беше успешно користен како карантин со сите највисоки светски епидемиолошки стандарди.

Светската пандемија на вирусот „Ковид 19“ ја стави на тест цивилизацијата. Исклучително важно е сите да извлечеме поука, да излеземе посилни од кризата и никогаш да не заборавиме дека сме пред се луѓе кои треба меѓусебно да се помагаат и поддржуваат. Ништо не е поважно од животот и здравјето!

You might also like