„Хенкел“ и „Саманта доо“ донираа производи на Црвен крст за лична хигиена во износ од 1.230.000 денари за најранливите категории
Денеска, „Хенкел” во соработка со својот долгогодишен деловен партнер „Саманта доо“, како општествено одговорни компании, донираа производи за лична хигиена во пазарна вредност од 1.230.000 денари (20,000 евра) на општинските организации на Црвен крст во Прилеп, Куманово, Карпош и Бутел од Скопје. Помошта е наменета за најранливите категории граѓани во овие чувствителни времиња, кога се справуваме со најголемата светска здравствена криза, предизвикана од коронавирусот.
Предходно, на 20 март, „Саманта доо“ донираше на Клиниката за „Инфективни болести и фебрилни состојби“ – Скопје, производи од асортиманот на „Хенкел“, „Козметика Афродита“ и „Вода Врњци“, со цел да се пружи поддршка на медицинскиот персонал, кој безрезервно се вложува во спасување човечки животи.
Инаку, „Хенкел“ е интернационална компанија, основана во 1876 година, горда на фамилијарната традиција, чија цел е да создава одржлива вредност за идните генерации. “Саманта доо” од Скопје е приватна трговска компанија, основана во 1992 година како застапник за Хенкел на македонскиот пазар и претставува семеен бизнис.