Која е улогата на лебот во здравите диети?

Во морето на најразлични и често спротивставени мислења за тоа што е здраво, што е полезно за организмот, кога треба да се консумираат одредени намирници, со што да се комбинираат и дали воопшто нешто треба да вклучиме во нашата исхрана, едно е сигурно, екстремите никогаш не се добар избор. Ниту премалку, ниту премногу од нешто не е добро за нашиот организам.

Појдовната точка на секоја т.н. „здрава диета” е замената на процесираната храна со „вистинска храна” секогаш кога сте во можност, односно храна која е најблиску до начинот на кој таа била создадена од природата. Ова може да направи огромна промена во вашиот изглед, расположение и општото чувство на благосостојба.

Една од најчестите грешки која се прави при промената на начинот на исхрана е комплетно исфрлање на лебот. Популарната пирамида на исхраната создадена од престижниот Универзитет Харвард сугерира дека најважно нешто кое воедно треба и да е најзастапено во исхраната е интегралната храна. Односно храната од цели зрна и природни ладно цедени масла, од кои најпрепорачливо е, се разбира, маслиновото масло.

Новитет на нашиот пазар од производител со навистина големо и богато искуство и традиција, Жито Лукс се 3 нови видови леб, наречени Супер Лебови бидејќи се направени од супер состојки познати како „super foods”. Зошто токму Супер Леб? Првенствено тие се направени од целото зрно на пченицата и поради тоа се исклучително богати со хранливи влакна. Лебовите се произведени од природни, минимално процесирани состојки, што значи дека нивната природна форма е запазена, речиси во целост. Трите нови вида леб содржат маслиново масло, како и зрна, житарки и семки. Не содржат:  палмина маст, бои и конзераванси и додадени шеќери.

Интегралниот леб со супер житарки со из’ртени овес и спелта содржи богат извор на квалитетни протеини, растителни влакна, незаситени масни киселини како и минерали. Соодветен е за здрав почеток на денот.

Интегралниот леб со супер семки од чија и тиква во себе содржи омега 3 масни киселини и антиоксиданси, благодарение на чија семето, додека семките од тиква се богати со протеини, диететски влакна, минерали и фитостероли. Помага при постигнување на балансирана исхрана.

Интегралниот леб со супер зрна со хељда и амарант е леб богат со витамини и минерали, феноли, фитостероли, антиоксиданси и незаситени масни киселини кои доаѓаат од хељдата, а во комбинација со амарантот претставува природен извор на висококвалитетни протеини и претставува одличен избор за здрав и вкусен оброк.

You might also like