Ќучук: Почитичкитр чинители во Македонија да договорат датум за избори

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучуќ преку твитер, ги повика партиите во земјава да изнајдат заеднички прифатлив датум за избори.

„Сметам дека сите политичките чинители во Северна Македонија треба да договорат датум за изборите. Најважно е да се организираат слободни, фер и инклузивни избори, со целосно почитување на безбедносните здравствени протоколи, со цел да се конституираат целосно функционални институции, за да можат да се справат со кризите поврзани за Ковид-19 и претстојните преговори со ЕУ”, напиша Ќучук на Твитер.

You might also like