„Ладна“ и „Добра Вода“ отсега достапни на онлајн продавницата MagStore

Компанијата Магрони неодамна ја претстави MagStore – онлајн продавницата на која можете да ги најдете нивните добро познати производи „Ладна“ и „Добра Вода“, кои со години се издвојуваат како фаворити помеѓу водите на пазарот. Отсега ќе можете да ги направите вашите дневни, неделни и месечни залихи на пијалаци директно од удобноста на вашиот дом!

Во период кога е особено важно да ги имаме дигиталните алатки на наша страна, Магрони ја креираше онлајн продавницата MagStore за да им го олесни процесот на купување на сите нивни потрошувачи и истиот да го направи побезбеден.

„Ладна“ и „Добра Вода“ отсега достапни на онлајн продавницата MagStore

 

Покрај веќе познатите брендови на природна изворска вода „Ладна“, природна минерална вода „Добра Вода“ и газираните функционали води „Добра Вода“, преку MagStore можете да купите и од оригиналното чешко пиво Budweiser Budvar, чиј ексклузивен увозник за Македонија е токму Магрони. Онлајн продавницата содржи и филтри за полесно да го пронајдете посакуваниот производ, големината на пакување, како и типот на амбалажа.

MagStore обезбедува директна и бесплатна испорака до вашиот дом со минимална нарачка од 500 денари.

Почетоците на Магрони ДОО Скопје датираат од 2000 година, кога компанијата беше основана со цел македонскиот пазар да биде збогатен со уште еден производител и дистрибутер на вода и освежителни пијалаци. Сега, 20 години подоцна, Магрони брои повеќе од 100 вработени и претставува една од водечките компании на своето поле во Македонија. Во фокусот на компанијата остануваат безбедното производство, високиот квалитет на производите, иновативноста и континуираното следење на потребите на потрошувачите што го наметна и отворањето на онлајн продавницата.

You might also like