Либерално-демократската партија на сите граѓани им ги честита успешно спроведените парламентарни избори
Во услови на пандемија докажавме дека можеме да спроведеме избори по сите здравствени протоколи и европски стандарди. Покажавме европски вредности, организиравме мирни, фер, демократски и слободни избори, со добра здравствена заштита за сите кои го остварија правото на глас.
Граѓаните со своето гласање потврдија дека местото на државата е во големото европското семејство на народи.
Резултатот од овие избори уште еднаш покажа дека македонските граѓани се одлучни да го продолжат патот кон евроатланските интеграции. Ја одбраа иднината за себе и за своите деца.
Со овие избори, стана уште посилна пораката дека ги поддржуваат храбрите одлуки на прогресивни сили кои се против национализмот и националистичката политика, против поделбите и изолациите. Македонските граѓани одбраа да гласаат за социјална правда, подобар животен стандард, економски развој и брза интеграција на С. Македонија во Европската Унија.
Оваа порака не е упатена само за регионот, туку и за цела Европа.
ЛДП бара брзо конституирање на новиот состав на Собранието а од Претседателот на државата, забрзување на процесите за давање на мандат на победничката коалиција која мора во најбрз може рок да го состави парламентарното мнозинство и да започне со работа.
Здравствената криза и економските последици од истата, состојбите во регионалното окружување како и започнувањето на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, бараат брзо формирање на нова Влада и решавање на проблемите на граѓаните.
Патот е трасиран и враќање од тој пат нема.