ЛИДЕМ: Училиштата и институциите глуви на врсничкото насилство
Часови по ментално здравје во основните и средните училишта, како нужен предуслов за одржување на менталното здравје и детектирање на потешкотиите, проблемите и несигурностите со коишто се соочува секој ученик или ученичка, бара преку Декларацијата за образование усвоена на конгресот, Либерално демократската младина (ЛИДЕМ).
– Велат виновникот има име и презиме, меѓутоа вината е колективна, и ја носи секој од нас, подеднакво. Време е да бидеме сложни и подобри од она што сме биле вчера. Да создадеме сигурна и пријателска иднина за сите. Булингот е присутен насекаде околу нас и тоа во загрижувачки размери, а жртвите на врсничко насилство најчесто немаат кому да го пријават овој проблем бидејќи не гледаат поддршка во училиштето или институциите, велат од ЛИДЕМ.
Според нив за решавање на проблемите со булингот и врсничкото насилство, мора да има еден стратешки пристап.
-Превенцијата е приоритет. Мора да работи стручниот кадар, преку едукативни програми. До Владата и институциите ќе доставиме предлог мерки и чекори кои се потребни да се преземат бидејќи ние во ЛИДЕМ, се залагаме за создавање на безбедна средина за сите. Сметаме дека булингот е сериозен проблем во нашите училишта и дека е неопходно да се земат превентивни мерки за да се намали истиот, додаваат од ЛИДЕМ.
Видео од настанот со порака до институциите, училиштата и младите: https://fb.watch/kzgn1nWQsi/