Маџов: Младите надвор од главниот град со иновативни идеи ќе ја обележат 2021 и креираат успешни стартап бизниси
2020 е година во која стартап компаниите покажаа дека се решението за многу предизвици во општеството во Македонија а и во светски рамки. Светот стана се помал и поповрзан и се зголеми значењето на помалите градови кои прераснуваат во регионални стартап хабови. Затоа, претстојната 2021 година носи предизвик и поттик за младите од сите градови во земјава за да ги развиваат своите иновативни идеи и заедно со многуте расположливи програми и ресурси да ги преточат во стартап бизниси што во иднина ќе се двигател на економијата во земјава. Токму ова е заклучокот на Стартап Македонија од патувачкиот караван кој се одржа во Битола, Тетово, Гостивар, Струмица и Велес преку кој со дебата за развивање на еко системот активно се дискутираше.
– Искрено воочивме неверојатен потенцијал секаде низ градовите каде директно хибридно разговаравме. Драго ни е што имаме млади кои започнуваат бизниси со голема перспектива , да се развиваат, едуцираат и сакаат да ги движат работите напред. Ние, како Стартап Македонија заедно со целиот екосистем на младите ќе им овозможиме поврзување со сите расположливи програми,директно менторство, едукација, како и алатки кои ќе им помогнат да се развиваат и надградуваат. Знаеме дека секој стартап за да премине во успешен бизнис, треба разумни потези, познавање на пазарот, директна комуникација со потрошувачи и финансиски средства, така што треба да се засукаат ракавите и младите вистински да го развиваат својот стартап. Овој караван ни даде насоки дека младите од помалите градови имаат капацитет да се доразвиваат и да чекорат вистински со своите врсници од цела Европа и пошироко. Нашата дигитална платформа ги прави сите сервиси, ресурси, настани достапни за стартапи само со еден клик и веќе брои 124 регистрирани стартапи и 45 поддржувачи организации кои ги поврзува сите учесници на екосистемот и стартап заедницата. Во 2021 година во фокусот ќе ни е ставен на претприемачкиот дух во секој град се со цел да ја зголемиме корисноста о дигиталната платформа како централно место за информирање. Дигиталната екосистем платформа и караванот се изведени со поддршка на долготрајните партнери УСАИД во склоп на проектот за развој на деловниот екосистем, вели Игор Маџов, ко-основач на Стартап Македонија.
Последниот град за посета годинава на Стартап Македонија беше Битола каде што имаа настан со соработниците Фондацијата Преда плус. Фондацијата ја претстави реализацијата на третата по ред стартап програграма за поддршка на стартапи во Пелагонискиот регион, “И од Битола се може(и)”преку која 12 бизнис идеи , учесници во двомесечната програма на Преда плус ги пичуваа своите идеи и се натпреваруваа за грант од 185.000 МКД.
– Најдобрите 4 старт-ап идеи добија грантови кои ќе им помогнат да ги стартуваат своите бизниси. 200 часови менторство, 36 часови тренинзи, 100 часови заеднички сесии и онлајн предавања на Zoom платформата не донесе до 336 часови вкупно време посветено за поддршка на нашите апликанти. Ова е најдобрата од вкупно три досегашни генерации на програмата “И од Битола се може(и)” што само дава надеж дека сме на вистинскиот пат да креираме можности и да инспирираме на успех. Преку воспоставената соработка со Стартап Македонија и предавачите кои беа вклучени во програмата на Преда плус претприемачите од Пелагонискиот регион имаа можност да слушнат предавања за актуелни теми од стартап еко системот. Кон средината на месец јануари 2021, Преда плус ќе го објави повикот за аплицирање со бизнис идеи во четвртата генерација од стартап програмата И од Битола се може(и), додава Лидија Ангелкова, проектна координаторка во Преда Плус.
Преда плус активно учествува во креирање на БИТОЛА СТАРТ-АП ЦЕНТАР како место кое нуди знаење преку менторства и обуки од сите аспекти на започнување на бизнис како и финансиска поддршка за надминување на првичните пречки за отворање на бизнис.
Во декември Стартап Македонија одржа хибриден караван во пет градови,Битола, Велес, Тетово, Гостивар и Струмица, со партнер организациите а тоа се ПРЕДА Плус во Битола, X Factor во Велес, SEEUTechPark во Тетово, CoWork во Гостивар и Business Incubator Center & PowerAD во Струмица. Тие преставуваат локални центри за иновативност и развој на стартапи и со кои континуирано комуницира и соработува со цел основачите на старапи да бидат информирани за тековните инцијативи, отворени повици и идни видови на поддршка за развој на своите бизнис идеи.