Македонија и Албанија најдобро ги искористиле европските пари за меѓугранична соработка

Девет реализирани проекти и пет нови кои почнуваат од 2020 година е резултатот на Програмата за прекугранична соработка, помеѓу Македонија и Република Албанија 2014-2020 како дел од претпристапна помош, поточно ИПА-фондови.

„Пограничната област меѓу Македонија и Албанија е окарактеризирана како една од помалку развиените области и една од областите со најнеповолни можности и услови за социо-економски развој на целиот европски континент поради руралниот, планинскиот карактер на областа за прекуграничка соработка,“ рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

Програмата на Европската унија за погранична соработка помеѓу Македонија и Албанија напредува добро и искористеноста на фондовите е една од подобрите кога станува збор за соработка помеѓу нашата и држава која не е членка на Европската унија.

„Проектите се однесуваат на три сфери за развивање на знаења за зачувување на животната средина, зачувување на културното наследство, туризмот, развој на вештини за конкурентност и бизнис. Проектите освен со пари од ЕУ се кофинансирани и од државата. Овој меѓуграничен проект со Албанија е добар за помош и поддршка на локалното населениe, како и развој на локалната власт. Пристапот на државата во ЕУ не ги засега само Владата и централната власт туку сите граѓани на оваа држава,“ изјави Никола Бертолини, Раководител на секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ.

Импактот од имплементацијата на овие е проекти е подобра туристичка понуда, продажба на нови производи, поголема безбедност на туристите во Охридскиот регион и друго.

Европската унија финансирала повеќе од 120 милиони евра од 2014 до 2020 година за имплементација на проекти за подобрување на соработката помеѓу Македонија и нејзините соседи во пограничните региони. Повеќе од 50 проценти од вкупните ЕУ-фондови се наменети за општините.

You might also like