МБУ и годинава со стипендии за најдобрите средношколци, можност за аплицирање до 30 септември
Меѓународниот балкански универзитет (МБУ) ја објави Програмата за стипендирање на идните студенти за академската 2023/2024 година според која на средношколците кои покажале добар успех во средното образование им се отвора можност да го продолжат школувањето на еден од најдобрите универзитети во земјава којшто, според Шангајската листа, е прогласен за најдобар универзитет во областа на наставата и учењето.
Програмата за стипендирање на идните студенти, која се базира на успехот остварен во средното образование, овозможува средношколците да добијат стипендија од 50% до 100% во текот на нивните студии. Според неа, целосна стипендија можат да добијат оние средношколци кои се прогласени на најдобри во генерацијата. Стипендија во висина од 90% од школарината ќе важи за оние со среден успех 4.90 -5.00. За учениците со успех од 4.50 до 4.89 е предвидена стипендија од 80%, а за оние со успех меѓу 4.00 и 4.99 стипендијата е 70%. Стипендија во висина од 50% можат да добијат средношколци со среден успех од 3.00 до 3.99.
„Како општествено одговорна високообразовна институција, остануваме целосно посветени на поддршката на образованието и науката во Република Северна Македонија и во регионот на Балканот преку обезбедување стипендии до 100% за најталентираните и најуспешните студенти. Во изминатите 17 години од нашето основање, повеќе од 1500 студенти имаат корист од нашата програма за стипендии и денес претставуваат висококвалификувани професионалци, менувачи на утрешниот ден, донесувачи на одлуки за подобар свет. Тие се вистинските амбасадори на Меѓународниот Балкански Универзитет и нашиот модерен, квалитетен, фокусиран на студентите и ориентиран кон кариера образовен систем“, велат од МБУ.
Универзитетот на своите студенти им обезбедува современи студиски програми кои овозможуваат квалитет на образованието признаен на меѓународно ниво, наставни програми целосно на англиски јазик, меѓународно образовно опкружување со студенти од над 15 земји, кампус од светска класа во Скопје, динамична примена на Програмата за мобилност на студенти Еразмус+ и безброј можности за започнување на кариера веднаш по дипломирањето. Идните студенти можат да аплицираат за стипендии за седум факултети со 18 програми за додипломски студии во различни области, како што се компјутерското инженерство, архитектурата, психологијата, банкарството и финансиите, графичкиот дизајн, комуникациите и односите со јавност, јазиците, итн.
Ограничување на бројот на стипендии постои кај студиската програма Стоматологија и таму е предвидено доделување 25 стипендии, додека квотата за стипендии за студиските програми Медицинска сестра и акушерство е ограничена на 30 студенти. Рангирањето на апликантите ќе се врши врз основа на просечната оценка од средното образование, односно само најдобро рангираните кандидати за овие студиски програми ќе имаат корист од Програмата за стипендирање.
Програмата за стипендии на МБУ за 2022/2023 се однесува за идни студенти од Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија. Стапката на стипендија важи и за Англиската подготвителна програма за кандидати кои го немаат потребното познавање на англискиот јазик.
Кампањата за регрутирање студенти ќе трае до 30 септември 2023 година, со можност за оналјн аплицирање преку https://www.ibu.edu.mk/scholarships/ .
Програмата за стипендирање на МБУ е спонзорирана од Фондацијата за образование и култура „ÜSKÜP“, основач и сопственик на Меѓународниот балкански универзитет.