Милевски: Да си помогнеме едни на други во Битола
Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски испрати порака до неговите сограѓани?
По вчерашната голгота на социјалните мрежи во Битола за изолација на македонски граѓани во локален хотел, како и за едниот заболен со Ковид-19, Претседателот на ЛДП испрсти позитивна порака до сограѓаните на својот Фејсбук профил:
Како што и кажав. Вирусот не е во Епинал, вирусот е во градот и во државата.
Битола не е изолирано општество.
Убеден сум дека хуманоста доминира и ќе победи во Битола.
Вирусот не бира по вера, пол, општествена положба, политичка ориентација.
Затоа злобата и различностите треба да ги тргнеме на страна и сите да се сплотиме во овие тешки моменти.
Да си помогнеме едни на други.
Со мислите и молитвите сум со моите драги пријатели и сограѓани кои имаат заразен член од фамилијата.
Друже, Ти посакувам побрзо заздравување.
Битола е со вас, исто како што сте Вие, цело време со и за Битола и битолчани.
Бидете силни и со верба.