Младите либерали ги предизвикаа врсниците да направат маска и да се заштитат од Ковид-19

„Останете безбедни, останете позитивни“ е пораката на Димитар, Катерина, Андреа, Теодора Мила, Јелена, Мартин, Деспина, Кристина, кои се членови на Либерално демократската младина. Со тоа директно упатија порака, #СтопКовид19, ги предизвикаа врсниците да направат креативна заштитна домашна маска за лице и да ја објават на социјалните мрежи.

„Идејата ја започнавме пред една седмица, лично како претседател дадов пример како може дома да направиме маска а со тоа и ги предизвикав останатите мои пријатели од ЛиДеМ се со цел да ја шириме идејата на социјалните мрежи и со останатите. Пандемијата енормно се шири во сите земји а ние во Македонија треба да го спречиме Ковид-19 на сите можни начини. Еден од начините се маските, потоа физичкото растојание од минимум два метри, како и стрикните хигиенски навики. Најважно е кога ќе излеземе надвор од дома носиме МАСКА ЗА ЛИЦЕ“ вели Димитар Ванчов, претседателот на ЛИДЕМ и ги предизвика со #НаправиМаска и членовите од Либералната демократска парија.

Предизвикот на Димитар го прифати потпретеседателката на ЛДП, Моника Зајкова која испрати диреткна видео порака до сите.

„Денеска, одговорив на предизвикот на Либералната младина и изработив сопствена маска. Во ова време на невреме, кога сите сите ресурси се лимитирани, сите да помогнеме со сопствениот труд“ вели Зајкова.

Таа на своите профили на социјалните мрежи ја презентираше изработката на својата маска и порача сите да седат дома, да се грижат за сопственото здравје но и за здравјето на другите, а кога излегуваат надвор да носат сопствена маска.

Кампањата на ЛиДеМ има за цел да ги поттикне сите граѓани да креираат своја маска и кога ќе ја постираат на социјалните медиуми да ги користат хаштафовите #НаправиМаска и #НајМаска.

Потребно е сите граѓани кога ќе излегуваат надвор од својот дом да ги почитуваат главните мерки за да се заштитат од Ковид-19.

You might also like