Мои вести со Марија Кукуноска: сакам позитивни и реални вести

Какви вести сакате да чуете?

Би сакала да читам и слушам реални и што повеќе позитивни вести.

Која е последната вест која ја прочитавте? 

Секој ден читам секакви дневни вести, така што не би изводила некоја посебно.

Убава вест за вас е…

Кога би прочитала дека драстично е намален бројот на млади иселени лица од државата… Кога би прочитала најава за добар концерт..

Какви вести не поднесувате?

Не поднесувам вести кои се надвор од контекстот и кај кои насловот и содржината немаат допирни точки едно со друго.

Која е последната вест која се објави за вас?

Последната вест за мене е дека потребно е поттикнување на свеста за користење на ПП апарати во секој дом.

 

You might also like