Најмагично новогодишно украсениот локал во Скопје – мечиња, лижавчиња, накитен џип (фото)
Од џиновски лижавчиња до спектакуларно украсен автомобил џип, локал во Скопје е вистинска новогодишна бајка.
Можеби немаме снекче и плоштадот во Скопје уште не е украсен, но затоа новогодишната магија веќе се чувствува во многу локали низ Македонија, како и на некои плоштади низ градовите во Македонија.
Еден од најдобро украсените локали годинава е „Ragusa360 Rooftop“ во Скопје.
Целиот е со светки, сијалички, мечиња, елки, а има украсено дури и автомобил џип.
Фотографиите од овој локал сигурно ќе успеат барем малку да ја разбудат новогодишната магија во вас.