Networking event SN Fintech Hub
Денес во новоотворениот SN Fintech Hub во Битола со поперок во 11.00ч ќе се одржи нетворкинг настанот •WE HELP YOU GET NOTICED• кој на младите невработени луѓе ќе им даде шанса да го вмрежат своето знаење и да ја стартуваат својата кариера.
“Дојди и научи ги вештините на вмрежување со познати и успешни комапнии од светот на ИТ, Финтек и банкарство, архитектура и градежништво, туризам. Тие можат да бидат и местото на твоето прво вработување”- стои во поканата од организаторите.
Ова е начин за директна средба со HR-ите на неколку големи компании и можност да се научи како да не се прават грешки на првото интервју, како да се подобри пишувањето на своето CV и полесно да се креира својата иднина.
На листата компании со кои ќе имаат шанса да се сретнат младите невработени се:
▪️ Taskforce
▪️ Cosmic Development
▪️ Unlimited Coders
▪️ SN fintech finance
▪️ Bintern
▪️ JK травел
▪️ Хотел театар
На денешниот настан кој започнува во 11.00 часот во SN Fintech Hub ќе се презентира истражувањето “Иднината е во младите, шансите на Битола е во нивно вработување”, а ќе се промовираат и прирачник со алатки за вработливост на НЕЕТ млади од авторката
Вон. проф. д-р Моника Ангелоска Дичовска – Кариерно планирање
Проф. д-р Катерина Бојковска – Маркетинг алатки за претставување и аплицирање
Доцент д-р Лела Ивановска-Критичко мислење, решавање на проблеми и комуникациски вештини.
Организатор на настанот е СФЕРА Интернешнал, а настанот е дел од проектот ‚‚Зајакнување и вмрежување на НЕЕТ млади кој е дел од поголемиот проект ‚‚WB&T for EmploYouth” финансиран од Европска унија во соработка со мрежата „Youth Hub Western Balkan and Turkey Network“ и има за цел да придонесе кон намалување на младинската невработеност во Општина Битола преку истражување, обуки и настан за вмрежување на бизнис заедницата со млади од НЕЕТ групата / НЕЕТ целната група ја сочинуваат младите кои порано го напуштаат образованието, млади кои го завршиле образованието и се регистрирани како невработени и млади невработени кои не се опфатени во ниту една програма за обука, преквалификација, практиканство, самовработување.