Пенов: Заедно со ЕУ прекугранично ќе ја подобруваме пожарната заштита во Северна Македонија и Албанија

Подобрување на системите за заштита од пожари и одговор во соработка со соседните општини од Северна Македонија и Албанија е проект што треба да се реализира до август 2024 година, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов при денешната посета на новиот прекуграничен проект „Прекуграничен Против пожарен штит“ поддржан од Европската Унија преку ИПА Програмата за прекугранична соработка и има вкупен буџет од 859.196 евра, а водечки партнер е општината Врапчиште.

– Проектот ќе придонесе за заштита на животната средина и спречување на шумски пожари во прекуграничната област, што е од клучно значење за зачувување на нашите природни ресурси и обезбедување на безбедноста на нашите граѓани. Овој проект ја покажува посветеноста на Северна Македонија и Албанија да работат заедно кон заедничко цели и да ги зајакнеме нашите врски како соседни земји. Министерството за локална самоуправа ќе ги покрие трошоците од македонската страна во висина од 15 отсто, рече министерот Пенов.

Проектот ќе вклучи заеднички напори од три општини – Врапчиште и Боговиње во Северна Македонија и Церик во Албанија во соработка со невладината организација Каритас во Албанија со цел да се придонесе за заштита на животната средина во прекуграничната област преку надградба на јавната инфраструктура за управување со ризици.

– Ги повикувам сите вклучени страни да соработуваат тесно и активно да се вклучат во проектот за да се осигураат дека тој ќе ги постигне своите цели и ќе донесе трајни придобивки за прекуграничниот регион. Време е да работиме заедно за да ја заштитиме нашата животна средина и да ги заштитиме нашите заедници од катастрофалните ефектите од шумските пожари“., додаде тој.

Како дел од проектот, ќе се развие и ќе се спроведе заеднички план за управување со ризик за заштита од шумски пожари и пожари и стандардни оперативни процедури. Ќе се гради и нова противпожарна станица за новоформираното меѓуопштинско одделение за противпожарна заштита, а ќе се набави и специјално возило за гасење шумски пожари за противпожарната станица Врапчиште-Боговиње. Дополнително, во меѓуопштинското одделение за противпожарна заштита ќе бидат вработени, обучени и опремени 9 пожарникари, а зголемени капацитети за одговор при елементарни непогоди ќе имаат 23 пожарникари преку граница.

– Овој проект е одличен пример за посветеноста на Европската унија за промовирање на регионалната интеграција, развој и кохезија. Проектот ќе помогне да се зајакнат односите и да се промовира соработката и солидарноста меѓу соседните земји, а истовремено да се подобрат системите за заштита од пожари и одговор во корист на двете заедници и животната средина.“ заклучи министерот.

Тој додаде дека ќе биде купена специјална опрема за одговор при природни катастрофи за противпожарната единица во Церик, а ќе биде воспоставен и опремен доброволен систем за одговор при природни катастрофи од 20 лица, во кој ќе бидат вклучени пензионираниот воен персонал и локалното население од руралните области во прекуграничниот регион.

Понатаму, 8200 основци ќе ја подигнат свеста за превенција од шумски пожари и последиците од шумските пожари врз животната средина, а ќе бидат поставени и аларми за пожар во 3 основни училишта. Повеќе од 25.000 рурални домаќинства и над 110.000 луѓе од руралните области на прекуграничната област, исто така, ќе ја подигнат свеста за превенција од пожари и шумски пожари.

You might also like