Петров: На СДСМ фокус им се младите
Наша цел е да креираме и реализираме мерки и политики кои ќе им овозможат на младите да успеат тука, во својата татковина.
Во таа насока е и одлуката на Владата предводена од СДСМ, за доделување на младински додаток од 3.000 денари на младите вработени во производството и земјоделството.
Со оваа мерка опфатени се сите млади лица до 23 години, со завршено најмалку средно образование, кои се во работен однос во произведствена дејност.
Мерката ги опфаќа и младите лица вработени во произвоствена дејност преку приватна агенција за вработување како и млади индивидуални земјоделци со задолжително социјално осигурување.
Нашата цел преку оваа мерка е поттикнување на вработувањето на младите лица во производствена дејност по завршувањето на средното образование. Со оваа мерка истовремено придонесуваме за подобрување на животниот стандард на младите но и ги задоволуваме потребите на работодавачите со квалификувана работна сила.
Покрај младинскиот додаток, дел од системот мерки кои успешно беа спроведени и реализирани е и Младинската гаранција, која опфати над 20 илјади млади лица во целата држава, од кои досега вработени се околу 6.000 лица. Оваа мерка е инвестиција во знаење, усовршување и преквалификација на младите.
Во Собранието е усвоен и Законот за младинско учество и младински политики.
Со овој закон за прв пат се дефинира категоријата млади во државата, се дефинираат формите на младинско учество и претставување, регистарот на форми на младинско организирање, младинското учество, политиките и сервисите за млади.
Законот обезбедува широк, инклузивен и сеопфатен пристап за младинското учество и младинските политики и има за цел зајакнување на учеството на младите во процесите на креирање на политиките за млади, активно информирање, промоција и заштита на интересите на младите, како и зајакнување на свеста за важноста на младите и нивната улога во општеството.
Овој закон предвидува и поттикнување на волонтерство, младинска работа и активизам, поттикнување на личен, социјален и професионален развој, како и поттикнување и градење култура на заедничка работа помеѓу младите и институциите.
Потврда за сите заложби кои ги прави СДСМ и Владата изминатиот период е и намалувањето на стапката на невработеност кај младите на 35%, а ако споредиме со таа во 2016 година во времето на ВМРО-ДПМНЕ кога беше 48,2% ќе заклучиме дека има огромна разлика.
линк до видео: https://youtu.be/D1cymov78yE