SEAT го претстави новиот LEON
• Новиот Leon е карактеризиран со моќен дизајн кој претставува еволуција во споредба со неговиот претходник, во исто време имплементирајќи напредна технологија
• Инвестиција од 1.1 милијарди евра насочена кон развој и имплементација на напредни технологии и технолошки процес во производствените објекти
• Ефикасноста е столбот на новиот Leon. Моќни и напредни системи за погон вклучувајќи TSI, TDI, природен гас TGI, благ хибдирен погон и plug-in хибридни технологии
• Комплетно новиот SEAT Leon е првото високо поврзано возило на брендот
SEAT го презентираше комплетно новиот SEAT Leon, возило кое ќе го раздвижи компактниот сегмент со душата која ја превзема од Барселона. Компанијата инвестираше повеќе од 1,1 милијарди евра во процесот на развој на поефикасни мотори, напредна технологија и конективност, одлични динамични својства и уште попривлечен дизајн.
SEAT Leon отсекогаш беше знаменосецот на брендот, што се докажува со бројката на продадени возила од 2,2 милиони во периодот на досегашните три генерации од Leon. Четвртата генерација е дизајнирана да го продолжи достигнувањето и да го однесе на наредното ниво во поглед на конективност, технологија, ефикасност, динамика и безбедност.
„SEAT Leon е нашиот најпродаван модел и сакаме овој тренд да продолжи. Затоа SEAT инвестираше повеќе од 1,1 милијарди евра во комплетно новата генерација на LEON. Инвестицијата беше наменета за неговиот развој и подобрување на производниот погон.“ изјави Карстен Исенсе – Претседател на SEAT. „2019 година беше рекордна за компанијата. Продадовме повеќе од 570 000 возила, што претставува рекордна бројка во нашата 70 годишна историја.“ – Додаде Исенсе.
Комплетно новиот Leon идеално ја инкорпорира филозофијата за дизајн во сршта на секое возило кое излегува од производната линија, носејќи самодоверба, елеганција и спортски дух во компактниот сегмент, во исто време додавајќи кохерентност, спокојство и зрелост, забележани само во неколку други возила.
Новиот Leon е дизајниран, развиен и произведен во Барселона, во производствениот погон Марторел.