Симбиотски мрежи за одржливо управување со органски отпад
Финалната виртуелна конференцијата на проектот Симбиотски мрежи за одржливо управување со органски отпад ќе се одржи на 18-ти декември, петок, со почеток од 11:00 часот.
Формалниот дел на настанот ќе започне со обраќање на Министерот за локална самоуправа Горан Милевски, претставникот од делегацијата на ЕУ во Скопје – Карл Гиачинти, претставниците на Општина Битола – советничките Татјана Крнчева и Ристенка Алтипармаковска, градоначалникот на Оштина Новачи Љубе Кузманоски и директорот на ЈП Комуналец – Панде Богоевски.
Во работниот дел на настанот ќе се промовираат резултатите од реализираниот СИМБИОЗА проект спроведен, според концептот индустриска симбиоза. Се воспостави интегрирано, одржливо, управување со био отпад и се лансира платформата за размена на органски отпад помеѓу партнерските региони Битола и Новаци од Република Северна Македонија и Западна Македонија во Грција.
Резултатите од проектот ќе ги презентираат партнери од Република Северна Македонија и Република Грција, Билјана Лукиќ Танчевска проектен менаџер од Јавно претпријатие КОМУНАЛЕЦ Битола, како водечки партнер; претставник од асоцијацијата за Управување со отпад во Западна Македонија, Грција ДИАДИМА С.А. Кожани; Дејан Петровски проектен менаџер од Јавно претпријатие за комунални работи КомуналнаА Хигиена Новаци; Теодора Тскоу од Инополис Центар за иновации и култура од Патра; Александра Атанасовска проектен менаџер од Движење за околината Молика ДОМ Битола и претставник од Националниот Технички Универзитет Атина.
Проектот СИМБИОЗА ги разви и ги промовира симбиотските мрежи кои ги спојуваат компаниите и институциите, ја унапреди прекуграничната соработка за ефикасно користење на ресурсите и ги поврза компаниите во размена на материјали на еколошки одржлив начин.
Сите партнери, релеватни институции и поддржувачи на проектот конференцијата ќе ја збогатат со резултати, информации и нови насоки во оваа област.
Активно може да се следи конференцијата на социјалните мрежи во живо на Facebook, Twitter и YouTube.
Овој проект е ко-финансиран од страна на Европската Унија и двете земји учеснички во рамките на Првиот повик на Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка Грција – Република Северна Македонија 2014-2020.