Станојевска-Пецуровска: Најголем дел од природните непогоди во Македонија се пожари и поплави, затоа е потребна стратегија за адаптација кон климатските промени
Најголем дел од евидентираните природни непогоди, околу 80 проценти се пожарите и поплавите се вели во анализата на Центарот за климатски промени, која се однесува на појавата на природни непогоди во Македонија во периодот 2005 – 2022 година, анализирани по општини и региони.
Затоа, нагласуваат тие дека е потребна поголема свест и одговорност кај донесувачите на одлуки на локално ниво, за важноста од регулирање на оваа сфера и зајакнување на капацитетите за превенција и справување со овој вид ризици. Во оваа насока добро е да се воспостави пракса на размена на искуства во склоп на плански региони и/или помеѓу општини, во тесна соработка со Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Анализата на екстремни временски настани е реализирана во рамките на проектот „Зголемување на отпорноста кон климатските промени на локално ниво“, финансиран преку проектот „ГО и во акција за климатските промени“, спроведуван од Еко-свест во партнерство со Македонското здружение на млади правници – МЗМП и Организацијата за промовирање на природните вредности и луѓе – ЦНВП Македонија. Изразените ставови и мислења се на авторите и издавачот и нужно не ги одразуваат позициите и ставовите на Еко-свест и на донаторот – Владата на Шведска.