Технолошкиот глобален лидер „Инграм Микро“ го проширува своето присуство во Северна Македонија со отворање на Тренинг центар
Компанијата „Инграм Микро“, која веќе над 35 години е препознаена како глобален лидер за технологија и логистика, го проширува своето присуство во Северна Македонија со отворање на Тренинг центар што нуди комплетно портфолио на системски и софтверски курсеви со модули кои одговараат на секој метод на учење.
Тренинг центарот нуди курсеви кои ги зафаќаат клучните области на технологијата како: Check Point, Veeam,Veritas, VMWare, Kaspersky, Radware и IBM. Овие курсеви се дизајнирани да го надградат знаењето на поединците со цел тие успешно да функционираат и напредуваат во дигиталниот свет.
Она што е специфично, е тоа што Тренинг центарот обезбедува соодветна и персонализирана услуга, односно, имате можност да добиете целосна поддршка во однос на изборот на адекватен курс, како и во однос на вашите потреби за надградување на знаењето.
Компаниите кои ќе ги користат услугите на Центарот, за три или повеќе лица добиваат дополнителен попуст, како и они кои следат повеќе курсеви.
Обуките ги спроведуваат врвни професионалци кои се вработени во „Инграм Микро“ и имаат долгогодишно искуство во своето работење.
Сертифицираните курсеви, освен што ќе им помогнат на припадниците на ИТ заедницата да го надградат своето знаење, тие ќе им овозможат и отворање на нови можности и напредок во ИТ индустријата.
„Од самото основање сме позиционирани како лидери за технологија и логистика, а нашиот успех се темели на постојаните иновации, врвниот кадар и желбата за постојан напредок, а тоа се докажува со нашето дејствување во над 160 земји ширум светот. Новиот Тренинг центар во Скопје е само уште еден доказ за нашиот стремеж кон постојано проширување, а мене лично особено ме радува проширувањето во земјава и регионот“, истакна Филип Силјановски, генералниот менаџер на „Инграм Микро“ за Северна Македонија, Албанија и Косово.
Тој потенцираше дека новоотворениот Центар во Скопје претставува огромна придобивка за ИТ заедницата во Северна Македонија.
„Технологијата е менлива материја, а ние константно создаваме иновации кои ги водат трендовите во дигиталниот свет, токму затоа нашите сертифицирани курсеви се издвојуваат во ИТ светот. Даваме знаење за решавање на сите системски предизвици, како и за надградување на бизнисите согласно индивидуалните потреби“, наведе Силјановски.
Раководител на техничкиот оддел за Југоисточна Европа на „Инграм Микро“, Игор Урошевиќ, на отворањето ги сподели успесите на Тренинг центарот во Србија, нагласувајќи дека сите обуки на „Инграм Микро“ се засновани на практични искуства и дека им обезбедуваат на учесниците да ја разберат темелно заднината на технолошките текови и да ги практикуваат сценаријата во реалниот свет.
„Информатичката технологија и вистинските решенија денес се менуваат толку брзо што е многу тешко да се следи оваа динамика дури и за квалификуваните инженери. Технолошката експертиза станува подвижна цел, наместо статична и предефинирана крива на учење како што беше пред неколку години. За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на ИТ пазарот и Центарот за обука „Инграм Микро“ е тука за да им помогне во секој чекор од ова патување“, потенцираше Урошевиќ.
Говорниците, на отворањето на Центарот порачаа дека и понатаму ќе работат интензивно со цел да ја задржат заслужената титула на глобален лидер во ИТ индустријата, а преку специјализираните курсеви, дека ќе создаваат врвни професионалци кои ќе бидат заслужни за напредокот на дигиталниот свет и ќе имаат соодветна експертиза да се справат со сите предизвици.
Тренинг центарот на „Инграм Микро“ се наоѓа во населба Аеродром.
Компанијата „Инграм Микро“ е основана во 1979 година во Америка и во изминатите над 35 години константно бележи огромни успеси во своето поле на работа. Најголемите светски брендови како и помалите бизниси се потпираат на системските решенија што ги создава компанијата, а со тоа го унапредуваат своето дејствување.
Компанијата има над 160 претставништва ширум светот, како и илјадници вработени кои ги диктираат најновите трендови во ИТ индустријата.
Повеќе информации можете да најдете на https://mk.ingrammicro.eu