Тренчевска: Позитивното родителство придонесува кон квалитетен ран детски развој
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска присуствуваше на Јавната расправа за нацрт Стратегија за родителство во организација на УНИЦЕФ. На јавната расправа присуствуваше и Заменик претставникот на УНИЦЕФ, Артур Ајвазов како и претставниците од академската јавност кои ја презентираа Стратегијата пред присутните.
„Позитивното родителство претставува особено важен процес во кој родителот/ старателот или згрижувачот тргнувајќи од интересите на детето, ги признава и почитува неговите права, го насочува, му покажува љубов и грижа, но и поставува граници со цел овозможување на негов целосен развој“ рече Тренчевска.
Министерката ја истакна важноста на Стратегијата за родителство и Акцискиот план и рече дека целта на денешниот настан е да се презентира оваа стратегија на пошироката јавност со цел нејзино унапредување.
„Стратегијата фокусот го става на родителската поддршка односно на поддршката на поединецот родител/старател/згрижувач и се разликува од семејната поддршка, која има поширок концепт и значи стабилност и општо функционирање на семејството. Обезбедувањето на квалитетна поддршка на родителите и родителството значи инвестирање во здравјето, правилниот раст и развој и добросостојбата на сите деца“ изјави Тренчевска.
Таа се осврна и на тековните активности на Министерството за труд и социјална политика со УНИЦЕФ. Ја истакна апликацијата „Bebbo“ која што претставува директна поддршка на родителите и на вработените во градинките.
„Со цел зајакнување на капацитетите на загрижувачките семејства, воспоставивме и три центри за поддршка на згрижувачки семејства, при ЈУ 11октомври, Домот за доенчиња и мали деца – Битола и СОС Детско село. Поддршката на родителите е комплексна и сложена активност која бара развој на високо квалитетни услуги и мерки кои ќе бидат инклузивни и лесно достапни“ посочи Тренчевска.
На крајот од своето обраќање министерката посака плодна дискусија која истакна дека со сигурност ќе биде во насока на исполнување на целта на Стратегијата за родителство и Акцискиот план.