
Тужба за учебникот „Основи на персонологијата 2“ од проф. д-р Благоја Јанаков!
Образованието во Република Северна Македонија - расад за дискриминација и вознемирување врз основа на род, сексуална ориентација и родов идентитет!
Невладината Коалиција Маргини заедно со Мрежата за заштита од дискриминација ја поднесе првата тужба за прекршување на новиот Закон против дискриминација, на учебникот „Основи на персонологијата 2“ од проф. д-р Благоја Јанаков. Ова е учебник кој се користи во наставната програма на Филозофскиот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Коалиција Маргини на социјалните мрежи јавно објави и извадоци од учебникот кои предизвикаа бруни реакции во општеството. Вознемирувачка содржина содржи обвинување на жените за зголемениот број на разводи, осуда на прекинувањето на бременост и квалификување на истополовите партнерства како забеганост, и се бара таа содржина да биде заменета со научно заснована содржина во која нема да има дискриминација.
„По неколку обиди да го привлечеме вниманието на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Филозофскиот Факултет и на авторите на спорните учебници кои се дел од наставната програма на оваа единица, и да побараме повлекување на спорните содржини, наидовме на отпор и игнорирање на нашите барања. Дополнително, споменатиот автор на учебникот е веќе професор во пензија, но неговите спорни учебници сѐ уште се користат во наставата на овој факултет.
Институциите имаат обврска да обезбедат образование насочено кон целосен развој на личноста и кон зајакнување и почитување на човековите слободи и права, поради што мора да биде ослободено од сите форми на дискриминација.“ – пишуваат од Маргини.
Коалицијата Маргини, заедно со партнерските организации од Мрежата за заштита од дискриминација, подолго од една декада работи на елиминирање на дискриминирачките содржини во учебниците кои содржат невистни, научно незасновани ставови преку кои се одржуваат родовите предрасуди и стереотипи и се вознемируваат луѓето со различна сексуална ориентација и родов идентитет. Тие идентификувале 20 учебници во сите нивоа на образование што содржат дискриминирачка содржина, најчесто врз основа на род, сексуална ориентација, родов идентиет и здравствен статус, и истите биле отстранети по нивна иницијатива.
Организацијата активно работи да ја крене јавната свест за овие проблеми и преку новиот закон ќе се обиде да ги реши, а со тоа да се почне со отстранување на дискриминацијата во нашето општество.
Дел од вознемирувачките содржини беа објавени на нивните профили на социјалните мрежи: