Во Струмица претставена дигиталната екосистем платформа на „Стартап Македонија“
На македонската страртап сцена Струмица има потенцијал етапно да се развива, вели претседателот Дејан Алексов од „Стартап Македонија“ на денешното претставување на дигиталната екосистем платформа, како дел од караванот за нејзина промоција низ Македонија.
Дигиталната екосистем платформа на иновативен и дигитален начин го обединува стартап екосистемот каде ќе има проток на информации помеѓу стартапите и организациите. Денеска во Струмица увидовме дека стартап заедницата има голем потенцијал, така што време е младите да ги придвижат работите. Потребно е секој млад човек, кој има иновативна идеја да ја преточи во стартап компанија. Ние сме алатка која треба максимално да ја искористат и се добредојдени во нашето семејство, потенцираше Алексов.
Од „Бизнис Инкубатор Центар Струмица“ велат дека клучни активности им се промовирањето на технолошкото учење и иновација, инвестирање во младите, како и соработка со државниот и приватниот сектор.
Нашата мисија е градењето на динамичен стартап екосистем што ќе ги поврзува стартап центрите, технолошките паркови, академската заедница, инкубаторите и простор за вмрежување и соработка обезбедувајќи услуги за поддршка и поврзување со меѓународните стартап екосистеми. Промовирање на технолошко учење и иновација, инвестирање во млади, соработка помеѓу приватниот и академскиот сектор, дигитализација и паметна употреба на големите податоци, се нашите клучни активности за стимулирање на структурните промени, подобрување на конкурентноста на мали и средни претпријатија и создавање раст и работни места, како и оставарување на цели за одржлив развој, појасни Ксенија Вангелова, директор на “Бизнис Инкубатор Центар Струмица”.
Додаде дека во Струмица веќе успешно работи стартап команијата „Powered“, која имала поддршка од Фондот за иновации и „Бизнис Инкубатор Центар Струмица“ и е во десетте најуспешни стартапи на една од глобалните мрежи на бизнис ангели, а оттаму е промовирана во уште пет држави.