Зајкова: Доста со празни демагогии
Претседателката на Либерално-Демократска партија Моника Зајкова преку Фејсбук статус испраќа порака до останатите политички опоненти да престанат со празни демагогии и да засукаат ракави за државата.
Статусот:
Од празни демагози и голи популисти не прифаќам ниту критика, ниту пофалба.
Ако некој се себедоживува како северномакедонец, јас се гледам како горда Македонка.
Најважно е што по мојата свест и спознание, како и по македонскиот Устав јас сум Македонка.