Зајкова: Индивидуална одговорност мора да има во Македонија
Потпретседстелката на ЛДП, Моника Зајкова со статус на Фејсбук за институциите и граѓаните за одговорноста за време на пандемијата.
Одговорност мора да има за сите кои ги прекшиле мерките и законските обрски за време на оваа пандемија.
Наместо репресија кон сите, одговорност за непочитувачите и прекршителите.
Не колективна, но индивидуална одговорност и казна по словото на законот.
Постојат фотографски и видео докази за прекршување на мерките? Постојат. МВР има задача да ги пронаоѓа и гони сите за кои има фотографски и видео доказ дека сториле прекршок.
? Дали МВР досега по однос на овие докази преземало нешто или ништо?
Ако ја добијам довербата да бидам во новиот собраниски состав ќе инсистрам на седниците за собраниски прашања:
МВР да достави детален одговор на сите идентификувани лица од фотографски и видео запис кои ги прекршиле мерките за време на пандемијата и за кои е поднесена и процесуирана прекршочна или кривична пријава (списокот јавно ќе биде достапен со иницијали од име и презиме, а за пратениците како класифицирана информација);
МВР да достави информација за сите казнети лица во министеството кои не преземале активности согласно уредбите и законите;
Министерство за правда да достави извештаи за сите казнети или осудени лица кои сториле прекршок или казнено дело за време на пандемијата.
Не може огромното мнозинство кое почитува мерки и уредби да биде колективно казнето заради оние кои не почитуваат. Не може! Не смее!
Ве молам сите заедно да издржиме и да се избориме и со кризата и за правдата.
Барам поддршка од сите граѓани да објавувате фотографии, видео записи и Фејсбук или Инстаграм Live за секое прекршување на мерките кое ќе го забележите во вашата околина. Огромното мнозинство кое почитува мерки ќе излезе како победник.
Тоа го ветувам, на истото ќе работам и нема да попуштам до крај!