„Заштити се и заштити ги и другите” во време на Ковид 19

Најбезбедно е луѓето да останат дома, но ако мора да излагате надвор или да одите во банка, треба да ги следат препораките од медицинските лица- оваа а најчестиот совет за заштита од пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19.

Поради новите мерки за ограничување на движењето, во полошкиот регион долги редици пред банките. Бројката на луѓе кои чекаат ред без социјална дистанца достигнува и до педесет лица. За да се избегнат турканици и групирање луѓе, Уметничката акција „Заштити се и заштити ги и другите” изработена од група уметници, активисти, апелира граѓаните да ги посетуваат филијалите и експозитурите на банките само кога е неопходно и притоа да внимаваат на времето и ограничувањата за движење.

Групата активисти оттаму посочуваат дека во соработка со банките бараат решенија за да се надминат проблемите од деновиве, кога редици граѓани чекаа исплатата на пензии и социјална помош. Табли со пораките “Носи медицинска маска!“, “Мијте ги рацете!“, “Држете дистанца од 2 метри!“ се поставени пред банките во Тетово се со цел луѓето да да одржуваат лична хигиена, да стават маски и да држаат социјална дистанца.

Акцијата е изработена без никаков директен контакт на членовите на групата, односно е работена етапни и секвенцијално од страна на различни автори.

You might also like