Матевска млад европски амбасадор: Светот не само што останува на младите, туку младите се тие кои моментално го движат светот

Млади од целиот свет, од Македонија и земјите од Западен Балкан, преку Азербејџан, Грузија па се до далечната Африка, Танзанија, Гана, изминатиот викенд остварија навистина инспиративна средба со вработените во ЕЕАС, дипломатите на ЕУ кои срдечно не пречекаа.
-Настанот се одржа во Брисел во деновите кога се слави и денот на Европа. Говоревме за нашите секојдневни предизвици, проблеми но и за успесите и постигнатите резултати. На настан кој обедени млади од цел свет, кои доаѓаат и од различни средини и позадини сфативме дека сите на овој свет сакаме сакаме мир, љубов и еднаквост, односно колку сме слични во различностите, вели Елица Матевска
магистар по право на интелектуална сопственост.
Посетата беше во рамки на кампања на Европската служба за надворешно дејствување која всушност служи како Министерство за надворешни работи и дипломатски претставништва на ЕУ и е започната од септември 2022 година пред одржување на Генералното собрание на ОН (#UNGA77), со цел да се даде глас на младите да испратат моќна порака во светот раскужувајќи своја сторија.
– Кампањата #OurVoiceOurFuture успеа да ги открие инспиративните приказни, желбата и ангажманот на младите во решавањето на прашања кои се од голем интерес во денешниот свет. Учеството во оваа кампања кој напрво започна преку социјалните медиуми ја добив пред се поради улогата како Млад европски амбасадор дел од WeBalkans, претставувајќи ги вистинските европски вредности кои треба да ги негуваме и покажуваме секојдневно, појаснува Матевска.
Според неа неверојатниот успех на кампањата #OurVoiceOurFuture успеа да допре до преку 57 милиони луѓе ширум светот и тоа  е уште една aфирмација дека навистина светот не само што останува на младите туку младите се тие кои моментално го движат светот, и својот моќен глас го користат да допрат до сечие срце со позитивна мисла, со желба за подобри услови, образование и еднаквост.

 

-Претставувајќи ја Северна Македонија како млад човек во едно од клучните тела на ЕУ, беше огромно задовослтво да успеам да докажам дека младите од оваа држава навистина вредат многу и заслужуваат гордо да чекорат по патот на успехот. Во разговорите со г-дин Диего Мелано – Head of Communication and Public diplomacy споделивме за состојбата во РС Македонија, просперитетот, трновитиот пат на нашата земја кон вратата не ЕУ и како е потребно навистина посветено да работиме на нашата цел уште од осамостојувањето на Македонија, и дека процесот колку и да не е едноставен поготово за нашата мала земја со тешка историја, сепак цвртсто веруваме дека го заслужуваме местото во сино-жолтото семејство, раскажува Матевска.
Според неа Македонија е држава која низ историјата поминала многу бури, евидентно е и дека моментално поминува низ бури, но она што секогаш треба ние младите да го поттикнеме едни кај други е вербата, позитивната мисла и надежта и тоа да го напраивме со конкретни дела, гордо да го исправиме кормилото на бродот и да го дочекаме сонцето на добрата иднина.
 -Да се биде во срцето на Европа на овој настан имавме можност и да слушнеме од поранешниот комисионер за човекови права на ЕУ Томас Ханенберг кој не увери дека сега повеќе од било кога е потребно да ставиме акцент на почитувањете на човековите права, и да ги употребиме сите штитови за нивна гаранција, вели Матевска.
Како продолжение на сите настани и негувањето на европските вредности денеска во Парк шума Гази Баба ќе се одржи Пикник Europe Day од 11 до 17 часот.
You might also like