Проширување на „Пластичарска“ улица со четири коловозни ленти, средишно зеленило и велосипедски патеки
Следните шест месеци делот на улицата „Никола Карев”, односно „Пластичарска”, од касарната „Илинден” до Момин Поток ќе биде под интензивни градежни работи заради понатамошното проширување на овој булевар. Градоначлникот на Град Скопје, Петре Шилегов, денеска изјави дека со изградбата и реконструкција оваа улица ќе има вкупно четири коловозни ленти, средишно зеленило и мешани велосипедски и пешачки патеки од двете страни.
– Овде ќе биде извршена целосна реконструкција и на подземната инсталација на сите оператори коишто работат со цел да избегнеме нејзино прекопување, целосно обновување на атмосферска, односно поставување на атмосферска канализација која што досега сме ја немале. Еден сериозен градежен зафат којшто подразбира дека кога ќе го работиме и ридот кај касарната „Илинден“ ќе изработиме и потпорен ѕид во должина од околу 690 метри, изјави Шилегов.
Градот Скопје, исто така во текот на оваа година изврши реконструкција и изградба на нови сообраќајници различни општини во главниот град, се со цел, како што истакна градначалниот Шилегов, подобрување на живеењето на граѓаните. Воедно, тој апелираше до граѓаните да го почитуват новиот воспоставен сообраќаен режим во текот на шест месеци во овој дел од градот.
– Завршени се во вкупен износ од околу 35 милиони евра за сите општини во нашата држава, така што нема обесправени општини во смисла на тоа дека добиваат фискална или материјална помош од страна на централната власт, а предизвикана, пред се, заради скратените буџетски приливи во нашите буџети од КОВИД кризата. Јас очекувам дека многу бргу Владата ќе излезе со целокупниот концепт, Градот е за два проекта, ние општевме со јавноста, тоа е петљата овде на крај на булеварот „Никола Карев“ кај Момин Поток, она што ќе биде предмет на реконструкција и со средства од централната власт ќе градиме мост во Карпош 4 – пренесува Градоначлникот на Град Скопје, Петре Шилегов.
Градоначлникот на Град Скопје, денеска изјави дека со изградбата и реконструкција оваа улица ќе има вкупно четири коловозни ленти, средишно зеленило и мешани велосипедски и пешачки патеки од двете страни.
– Овде ќе биде извршена целосна реконструкција и на подземната инсталација на сите оператори коишто работат со цел да избегнеме нејзино прекопување, целосно обновување на атмосферска, односно поставување на атмосферска канализација која што досега сме ја немале. Еден сериозен градежен зафат којшто подразбира дека кога ќе го работиме и ридот кај касарната „Илинден” ќе изработиме и потпорен ѕид во должина од околу 690 метри – додава градоначалникот.
Освен за булеварот „Никола Карев” градоначалникот Петре Шилегов, информираше и за последните проекти кои што Градот и општините од градот ги имаат доставено до Владата со цел централната власт да ја помогне локалната власт и да изврши финансирање на определени проекти.