Царина: Увезениот отпад во Македонија за 2019 изнесува 2.215 тони
Согласно стратешките определби на Царинска управа во насока на безбедноста и здравјето на граѓаните, увозот и контролата на опасен отпад, како стока со ризик, секогаш е предмет на царинска контрола и во рамките на надлежностите на ЦУ истата се спроведува согласно законот. Тоа подразбира задолжително поседување на соодветна дозвола за увоз од надлежното министерство, во случајот тоа е Министерство за Животна средина и просторно планирање.
„Согласно евиденцијата со која располага ЦУ, во текот на изминатата година само една компанија користела гориво од отпад. Вкупно увезениот отпад во текот на 2019-та година е 2.215 тони, за кои што секој увозник уредно доставил дозвола издадена од соодветното министерство и при тоа не станува збор за увоз на опасен отпад.“ велат од Царинската управа.
Со цел утврдување на евентуални неправилности Царинската управа, во соработка со Министерството за внатрешни работи презема одредени активности во насока на истражување на увозот на отпад. Овие активности продолжуваат во континуитет и со други надлежни институции, а за исходот од истите јавноста ќе биде навремено информирана.