Нуредини на средба со високи претставници на UNECE, IUCN и UNEP

Во рамки на CBD#COP15 министерот Нуредини оствари низа билетарелни средби со високи претставници на меѓународните организаци UNECE, IUCN и UNEP на кои се зборуваше за тековните заеднички активности и за можните области за продолжување и проширување на подршката што истите ја пружаат на нашата држава во областа животна средина. На средбата со Олга Алгаерова – генерален потсекретар на Обединетите Нации и извршен секретар на UNECE се разговараше за повеќе теми од областа животна средина. Во однос на управувањето со води се даде осврт на активностите за имплементацијата на Конвенцијата за води на UNECE, при што Алгаерова ги истакна успешно реализираните активност во Дримскиот речен слив, како и генерално добрата и успешна соработка во управувањето со водите, но од двте страни беше акцентирана потребата од силна заложба на националните власти за усвојување на сите протоколи за води.

На средбата се разговараше за потребата за ратификација на амандманите од ЕСПО Конвенцијата како и потребата да се номинира дополнително лице ЕСПО, а се направи осврт и на аерозгадувањето и главните извори на загадување. Министерот Нуредини ги истакна активностите преземени за промена на начините на затоплување и подобрување на енергетската ефикасност во јавните објекти – училишта, градинки, болници, полициски станици, како и стратешките инвестиции во обновливи извори на енергија.

При тоа Алгаерова најави финансиски механизми на UNECE за поддршка на активости за енергетска ефикасност на објекти.

Се направи осврт и на започнатите активности за имплементација на концептот за циркуларна економија и генерално за управувањето со отпадот.

Министерот Нуредини оствари средба и со Бруно Оберле, генерален директор на Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN)и Борис Ерг директор на канцеларијата на IUCN за Европа. Се разговараше за планираните инвестиции во областа на управување со водите, отпадот и посебно активностите за заштита на природните вредности. Министерот Нуредини им се заблагодари на високите претставници на IUCN за досегашната поддршка во процесот на прогласување и репрогласување на заштитените подрачја во државта и ги најави планираните активности за зголемување на процентот на заштитени подрачја и насочувањето кон конзервација на други подрачја (Јабланица). При тоа Министерот напомена дека и понатаму ќе имаме потреба од поддршка особено во справувањето со предизвиците за изнаоѓање механизми за постигнивање на самоодржливост на заштитените подрачја и обезбедување на социо-економски одржлив развој за локалното население. Двете страни изразија подготвеност за продолжување на соработката особено во зачувување на UNESCO статусот на Охридското Езеро.

На средбата со Ингер Андерсен генерален секретар на UNEP се разменија информации за тековните проекти што се реализираат во Северна Македонија и беше искажана подготвеност за поддршка на на новиот регионален проект за одржливо управување бна најголемиото прекугранично заштитено подрачје во Европа- НП Шар Планина, НП Маврово НП Шари и паркот на природата Коритник, како и за понатамошна подршка во развивањето на НП Шар Планина и во зачувувањето на UNESCO статусот на Охридското Езеро.

 

You might also like