Мразо Експрес децата ги води на новогодишно патување низ светот
Замислете ја радоста на децата кога ќе забележат дека главните јунаци во книгата се викаат и изгледаат токму како нив. За возбудата да е уште поголема, некои од новогодишните приказни се заедничка авантура со семејството или другарчињата, велат од првиот македонски стартап за персонализирани книги “Кидлинг” кои веќе четврта година по ред им носи празнично расположение на децата а и на возрасните.
– Среќни сме што како македонска стартап компанија секоја година носиме новогодишна радост во домовите. Ако во минатото, книгата беше најдобриот пријател на детето, денес тоа се таблетите, мобилните телефони, уредите и екраните. Сакајќи да му пркосат на дигиталното време, персонализираните книги се еден начин да се инспирира љубов кон читањето кај децата. Оваа година, интересот за новогодишните книги е поголем од кога било досега, велат од Кидлинг.
За голем број семејства, овој подарок прерасна во празнична традиција. Овогодинешната книга “Патувањето со Мразо Експрес” ќе ги однесе децата на патување со волшебниот воз, во кое ќе научат како се слави Нова година во различни држави во светот.
– Покрај персонализираните книги кои на првата страница од книгите стои и лична посвета од оној кој ја подарува, што го прави овој подарок незаборавен и вреден за чување засекогаш, во новогодишната палета можат да се пронајдат и персонализирани боенки, книги и календари со фотографии, како и честитики. Тимот на Кидлинг е секогаш во потрага по нови и иновативни начини за ширење на новогодишната магија. Мисијата на тимот од млади ентузијасти е да ги поттикнат семејствата да креираат квалитетни, трајни и заеднички новогодишни спомени, додаваат од Кидлинг.