Ѓорчев: Македонија буквално исчезнува, си заминуваат луѓе од сите националности

Влатко Ѓорчев вели дека тоа е фрапантен и страшен податок. Тоа е буквално пораз на сите владини политики. Тоа ги покажува размерите на пустошење и иселување кое што се случува за време на овој заевизам кој што го имаме.

Тој додава: „Ако додадеме на тоа уште николку основи за иселени доаѓаме до уште поголема бројка. Ако на тоа се додаде и бројот на иселени во Канада, во Австралија, во Америка, во скандинавските земји, во Австрија, во Малта, на блискиот исток, во Словенија, во Хрватска, во Швајцарија, доаѓаме до податокот и заклучокот дека на Македонија и се случува невиден егзодус како никогаш досегашната историја и Македонија буквално станува пуста и празна земја.“

Во соопштението стои дека пред една година германската стопанска комора буквално кажа дека Владата на Зоран Заев заслужува нула од германските инвеститори. Една година после тоа, ние немаме нови инвестиции, ние немаме економска активност туку напротив имаме исклучиво само иселување од Македонија.

Ѓорчев истакна дека пред некој ден излеголе податоците од првите три квартали во бројот на родени бебиња. Во 2019 година се срушени сите негативни рекорди кога станува збор за родени бебиња во Македонија. Во 2016 година во првите три квартали родени се 17.400 бебиња додека во 2019 година во првите три квартали бројката изнесува 14.600.

„Тоа е рецесија и пад на животот од фрапантни 16%. Пробиени се сите негативни рекорди во број на ученици во училиштата, во број на ученици во средни училишта како и пробиени рекорди на заминати лица. Зоран Заев во 2016 година одеше низ Македонија и ветуваше живот во Македонија, а тоа денес се сведе на живот во Германија и заминување на населението низ целиот свет. Македонија буквално исчезнува. Си заминуваат луѓе од сите националности, секој си заминува од овој заевизам кој што и се случува на Македонија“ додаде Влатко  Ѓорчев, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

You might also like