Претседателката на ЛДП Зајкова и Банка за храна поделија пакети за децата во згрижувачки семејства
Пандемијата од корона вирусот, економската криза предизвикана од неа, а сега и војната во Украина енормно ги покачија цените и го осиромашија џебот на граѓаните, според статистиките 43 милиони граѓани буквално не можат да обезбедат квалитетен оброк секојдневно, рече претседателката на Либерално-Демократската партија Моника Зајкова за време на акцијата за донирање пакети храна за децата во згрижувачки семејства.
– Високите цени на храната не ја поштедија ниту земјава. Тие агресивно го гризат оброкот на овие категорија граѓани и во прашање ја ставаат нивната животна егзистенција.
Заедно можеме да спасиме многу животи, да им го разубавиме барем малку животот на оние кои не можат да си го дозволат она основното, храната. Ние како политички чинители треба и да се трудиме што помалку да има потреби од донации, но и кога можеме да придонесеме за овие згрижувачки семејства кои се херои на денешницата, рече таа.
Според Зајкова она што најмногу загрижува, а за кое постојано апелираат и од организацијата на Обединетите Нации е тоа дека стравувањата, според нивните проценки, дека светот ќе се соочи со недостиг на храна доколку итно не се спречи ова апокалиптично сценарио.
– Во целата оваа ситуација најпогодени се сиромашните и социјално загрозените категории граѓани. Можеби конечно и ќе се освестиме дека мора да го промениме пристапот и односот кон храната, со оглед дека огромни количини храна, на годишно ниво завршуваат во депонии, а можат да завршат на нечии трпези и да нахранат многу гладни усти, додаде таа.
Според официјалните информации во Македонија речиси 40 проценти од отпадот е сочинет од неискористена храна од процесот на производство.
– Нашата мисија е возможна ако како општество се освестиме, да нема глад и загуби во храна. Тоа го акцентираме што како општество треба да го практицираме. Мора да ставиме прст на чело што и колку купуваме и како сето тоа го консумираме, вели таа.
Зајкова изрази задоволство што постојат организации како Банката за храна кои што според неа се трудат да формираат еден круг каде нешто сите овие заеднички придобивки ќе ги врзат во едно.