Централен одбор на ЛДП: Политики и тела за вистинска поврзаност со граѓаните како нивен претставник во власта

Брзиот воз за Европската унија е наш приоритет но сепак е важно на какви програмски принципи ќе се темели владината коалиција која треба да нè движи на патот на европската агенда. Како македонски граѓани немаме денови за губење, инсистираме ефикасност и квалитет. Ова е еден од заклучоците на Централниот одбор на Либерално-демократската партија на денешната седница во Скопје.

– За ЛДП секогаш ќе биде важно на какви идеали ќе се темели коалицијата на која припаѓаме и која програма ќе се застапува. Од тоа ќе зависи нашата одлука за коалицирање, бидејќи нашиот приоритет е развој на државата и подобрување на секојдневието на секоја личност. Луѓето нѝ се најголем ресурс, мораме да ги задржиме и да им понудиме просперитетна иднина, посочи претседателката на ЛДП, Моника Зајкова.

Од ЛДП додаваат дека ќе инсистираат на нивната иницијатива за кратење на прекумерните непродуктивни буџетски трошоци. Треба да престане расфрлањето на партите на граѓаните на централно и локално ниво, кое Македонија веќе не може да го издржи. Мора да дојде до итно кратење на надоместоците на комисиските членови во управни и надзорни одбори , како и агенции кои се четири пати повисоки од просечната плата, односно воведување на лимит на износот на овие надоместоци до минималната плата во државата. Ќе инсистираме на формирање работна група во која покрај пратениците би биле вклучени и експерти од владата се со цел да се донесе одлука која ќе ги заштитат централниот и општинските буџети од расфрлање и ќе се намали финансирањето на непродуктивната администрација. Партијата ќе понуди решенија и кадри за решавање на овој голем проблем.

По последното Собрание на ЛДП на 20 Ноември, на денешната седница на ЦО беа комплетирани и останатите органи на партијата односно се избрани членови на Извршниот одбор, потпретседатели, меѓународен секретар, како Советот како објективно тело сочинето не само од партиски истакнати членови, но и истакнати поединци во општеството. Беше усвоен и предлог датум за оджување на тематски Конгрес на кој партијата ќе ја промовира својата партиска програма односно Либералните иницијативи за наредните четири години од кои најголем бенефит и олеснување треба да добијат граѓаните.

ЛДП и на домашно и меѓународно ниво веќе е препознаена како сериозен политички фактор без кој не би можела да се формира ниту една Влада и кој независно дали е на власт или опозиција е партнер со граѓаните и конструктивен коректив на власта.

Сведок за тоа се иницијативите кои веќе се прифатени од Владата, субвенциониран студентски оброк, недела – неработен ден, зачувување на рамниот данок, воведување на викенд без ддв итн.

You might also like