Опрема за соларни електрани отсега во продажниот салон на Deye и Jinko Solar во Аеродром, Скопје

Денеска, во населба Аеродром во Скопје, во присуство на амбасадорот на Народна Република Кина во Македонија, Чанг Зуо и голем број бизнис партнери и соработници, свечено беше пуштен во функција првиот продажен салон на Deye и Jinko Solar, во кој што граѓаните и компаниите ќе можат да се снабдат со опрема за поставување фотоволтаични централи. Компанијата Greemak Group, која што веќе 10 години е генерален застапник за уреди за климатизација од најголемиот светски производител на клима уреди Gree Eletric Appeliances, го прошири своето продажно портфолио со опрема за искористување на сонцето и дневната светлина за производство на електрична енергија.

Greemak Group стана овластен дистрибутер за Македонија, Косово и Албанија за производите на компанијата Deye чија што програма се состои од инвертери за фотоволтаични централи, литиумски батериии за складирање на електричната енергија и сет бојлери за санитарна топла вода со топлинска пумпа кои можат да се снабдуваат со сончева енергија, како и овластен дилер за Македонија за компанијата Jinko Solar која произведува соларни панели.

Jinko Solar за чии панели Greemak Group е овластен дилер, е една од најпознатите и најиновативни компании за соларна технологија во светот. Во моментов, производите на Jinko Solar опслужуваат повеќе од 3 000 клиенти во повеќе од 160 земји и региони ширум светот, а компанијата е рангирана како број 1 во глобалните испораки на модули од 2016 до 2019 година. До крајот на 2022 година, кумулативните испораки на модули на Jinko Solar надмина 130 GW. Компанијата Deye, пак, е на пат да стане водечки бренд во индустријата за еколошки уреди со висока класа. „Зелената револуција, особено во енергетиката, во светот трае веќе две децении и земјите настојуваат што е можно повеќе да ги искористат обновливите извори на енергија. Кризата во енергетиката, недостигот на одделни енергенси и следствено на тоа високите цени на струјата, во центарот на вниманието и во нашата земја ја ставија зелената агенда, односно потребата од инвестирање во обновливи извори на енергија. Евидентно е дека и кај нас расте интересот за
инвестирање во фотоволтаични централи, особено со направените измени во законската регулатива со кои се поедностави постапката за индивудуално производство на струја. Слушајки ги и желбите на нашите досегашни клиенти кои всушност го следат трендот и бараат начин како да ги намалат трошоците за електрична во своите домаќинства, Greemak Group се одлучи да инвестира во нова категорија производи и со тоа да го даде својот придонес во енергетската трансформација на земјата кон чисти извори на енергија со понуда на опрема за изградба домашни централи, во домаќинствата и кај фирмите, за производство на електрична енергија.

Притоа, сакаме да пренесеме и кај нас дел од искуството на Република Кина која е лидер во искористувањето на сонцето и која има најголеми инсталирани капацитети за соларна енергија во светот и е најголем производител на соларни панели во светот“, истакна Горан Вуковајац, генерален менаџер во Greemak Group.

Во новиот продажен салон посетителите, освен што ќе можат да се запознаат со новата програма, ќе можат да се консултираат и за избор на пакет за домашна централа, а Greemak Group на заинтересираните ќе им нуди и посредување при изработка на проект и ќе се нуди монтажа на опремата.

Во земјава е евидентно дека расте интересот за искористување на сонцето за производство на електрична енергија, како за изградба на оние помалите, така и за поголеми фотоволтаични централи.

Процедурата за поставување на помалите централи – до 6 киловати за домаќинствата и до 40 киловати за компаниите е без административни постапки и не е потребно издавање на одобрение за градење од локалната самоуправа, а инвеститорите е потребно само да ја известат Општината. Кога станува збор за поголемите, Регулаторната комисија за енергетика ланската година има издадено 267 лиценци за фотонапонски електроцентрали со моќност од шест мегавати, а само во јануари уште за 26. Струјата од Сонце се покажа и како главен штит на приватниот сектор во борбата против високите цени на енергијата, зголемена конкурентност, раст и развој.

You might also like